Трагедија на семејството Фелбаб
Животот за семејството Фелбаб се претворил во вистински пекол, кога пролетта 2006. година Недељко (42) тешко се разболел. Откако му пукнала плеврата, овој вреден градежен работник можел само со солзи во очите да гледа како другите одат на работа и заработуваат за леб за своите деца. Веројатно од мака и тага, му заболело и срцето, а боледува и од спондилоза.
Некогаш среќното семејство со големи планови за иднината, на тој начин останало без единствениот извор на приход. Денес со сопругата Маја (29) и нивните три деца Недељко живее во трошна куќа во индустриската зона на Зрењанин.
- Вие не ги знаете нашите маки. Само Господ знае како ја преживеавме зимата. До неодамна јадевме само пченка која ја беревме во дворот на соседите. Децата се разболеа... - вели Недељко.
Кај најстариот син Стојан (9), кој е инаку послабо ментално развиен, неодамна е откриено зголемување на слезинката. Младиот Никола (6) исто така ќе оди во специјално училиште, затоа што е ментално заостанат. Најмладиот Бојан, иако има три години, сèуште нема проговорено.
Според неговиот исказ, сите надлежни установи останале глуви на нивните повици.
- Живееме во страшни услови. Преживуваме цел месец со 17.000 динари детски додаток, а само кирија плаќаме 7.000 динари. Додека ги платиме сметките ни остануваат сè на сè 2.000 за храна - очаен е Недељко, кој престанал да купува лекови, за што повеќе пари да останат за децата.
Сепак, како што вели, ситуацијата се подобрила по прилогот на телевизија. Од тогаш почнале да се јавуваат луѓе со добра волја, како од Србија, така и од странство.
- Добивме машина за перење алишта и замрзнувач. Меѓутоа попусто ни е замрзнувачот, кога немаме што да ставиме во него - искрен е таткото на ова семејство.
- Нашите деца се гладни и желни за сè. Еднаш, во еден здив изедоа 10 килограми банани кои ги добиле на подарок. Се мачиме веќе со години, но најтешко од сè ми е кога децата ќе ми кажат: “Тато, ми се јаде чоколадо или месо“, а јас само им одговарам “Немам, сине“. Да не ви зборувам како е страшно кога ќе почнат да се споредуваат со другите деца, срцето ми се кине - зборува низ солзи Недељко Фелбаб.
Помагајте луѓе!!!
Сите кои сакаат да му помогнат на семејството Фелбаб, тоа можат да го сторат со уплата на сметката:
KBC Banka 115-6200100000610-68
------------------------------
Превземено од: http://app1.providus.rs:8080/vesti/drustvo/tragedija-porodice-felbab-deca-nam-umiru-od-gladi-107936.php
На youtube има и видеа за ова семејство, а низ интернет и преку медиуми се шират апели за нив. (еден линк на темава: http://www.youtube.com/watch?v=jHDUYknHdq0&feature=youtu.be )
Преку оваа веб страница сакавме овој апел да стигне и до Македонија, за секој еден добротвор од Македонија или Македонец од странство и воопшто секој еден, кој ќе се почувствува повикан, да може да им помогне.
Да се потрудиме секој, согласно на сопствените можности да им излеземе во пресрет. За нас можеби ќе биде нешто малку, ама за нив ќе биде од големо значење.
Да помогнеме ние денес, затоа што утре ние можеби ќе имаме потреба!
Ако сакате да прочитате повеќе, на google.com впишете “porodica felbab“
Се работи за една крајно потресна приказна (една од многуте) за едно сиромашно семејство. Многу е жално кога државата, но и сите оние кои имаат многу повеќе од ова семејство, не сакаат да им помогнат! Единствено што преостанува е да се потпрат на сите луѓе со добра волја!!
Луѓево се од Зрењанин, ама помош може да дојде од секаде низ светот - прашање е дали се сака да се помогне. Ве молам, апелов да го прошириме секаде каде што можеме: интернет (портали, форуми, е-маил на наши пријатели, блогови, фејсбук...), телевизија, радио, весници, медиуми... да им кажеме на сите кои ги имаме како опција од Македонија и од надвор за да му помогнеме на ова семејство!! Колку е поголем бројот на информирани, толку е поголем и бројот на луѓе кои би помогнале.
Господ со нив и со нас за да им помогнеме!!
Голема благодарност од името на семејството Фелбаб!