Со благодарствена песна да ја прославуваме златокованата труба, боговдахновениот инструмент, неисцрпниот извор на догмати, столбот на Црквата, небесниот ум, бездната на премудроста, златната целовита чаша која излева медоточни реки на учења и која го напојува созданието. Достојна почит ти одадеме на тебе златоговорнику Јоване, незаодна звездо, која со зраци на учењето просветлува се што е под сонцето.. Проповеднику на покајанието, сезлатен сунѓер кој ја собира опасната влага на незнаењето и ги осветлува од гревот стопените срца.
Преподобен, преблажен, отче најсвети, пастиру добри, и ученику на Христа првопастиру, Кој душата своја ја положи за овците, сеславен Јоване Златоусти, сега, и ти самиот проси од Бога, со твоите молитви, да ни дарува голема милост.
Тропар,
Благодатта на твојата уста блесна како светлината на огнот и ја просветли вселената, и светот го научи богатството да не го бара во среброљубието. Но, учејќи не со твоите зборови, отче Златоусти, моли Го Словото - Христа, да ги спаси душите наши.
Свети Јоване Златоусти, моли Го Христа Бога за нас!
сестра Илијана
Во долгата зимска ноќ, една свекичка во Марковиот манастир како да го предвестува Светлото кое го бараме и исчекуваме непрестајно. Нека Божикниот пост биде подкрепа на нашата надеж. На следното пред Божикно бдение во Марковиот манастир да дојдеме со подготвени подароци за Младенецот.СО ВЕРА НАДЕЖ И ЉУБОВ
Ратко
По бдението игуманијата Илијана и сестринството ги подкрепи верните со топол чај и колачи.
За Преминпортал
Ратислав Кардалев