Скопје, 22 ноември 2011 год- храм на св.вмч. Димитриј
Свети Игнатиј Брјанчанинов
При исполнувањето пак на Исусовата молитва и воопшто на молитвата, целосна и верна заштита е смирението наречено плач. Плачот е срдечно чувство на покајание, спасителна тага, заради гревовноста и разнообразните, многучислени слабости на човекот. Плачот е смирен дух, срце понизно и смирено кое Бог нема да го отфрли, т.е. нема да го предаде во власта на демоните како што го предава гордото срце, исполнето со самоувереност, самопреценување и суета. Плачот е онаа единствена жртва која Бог ја прима од паднатиот човечки дух до обновувањето на човечкиот дух од Светиот Дух Божји. Нека биде нашата молитва проникната од чувството на покајание, нека се соедини со плачот и прелеста никогаш не ќе подејствува во нас.
На 22 ноември 2011 година, во дваесет и втората недела по Педесeтница, на празникот на Преподобна Матрона Цариградска; Светите маченици Онисифор и Порфирија; Преподобен Јован Колов; Свети Нектариј Егински во скопскиот храм на свети великомаченик Димитриј се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата отец Диме ги помаза и благослови верниците со маслото од гробот на св.Нектариј Егински.
Преминпортал
Лето Господово 2011