Скопје,20 ноември 2011- храм Рождество на Пресвета Богородица
Во Скопје, на 20 ноември 2011 година, кога Светата Црква ги празнува Светиот маченик Јерон со дружината; Преподобен Лазар Галасиски, во храмот Рождеството на Пресвета Богородица, се отслужи Божествена Литургија . Верениот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Јосиф Спилеот
Послушанието во себе содржи сѐ. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово. Потоа, пак, умот ќе ја спушти во срцето, а тоа што понатаму се случува е напор и дело на трезвеноумието: тоа значи дека умот со присилба се задржува таму чист и без облик, внимавајќи единствено на кружното движење на молитвата внатре во срцето преку вдишувањето и издишувањето. Бидејќи умот не успева да вообличи ниту една помисла на расеаност, со текот на времето се очистува со благодатта на молитвата. Повеќе не наоѓа задоволство во злите сеќавања и не сака да остане потполно беспослен. Напротив, целиот е разгорен од сеќавањето на Божественото Име и од љубовта кон Спасителот Христос.
Преминпортал
Лето Господово 2011