Скопје, 13 ноември 2011 год- храм на св. Јован Крстител
На 13 ноември 2011 година, во дваесет и втората недела по Педесетница, кога Светата Црква ги празнува Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул, светиот маченик Епимах, во храмот на св.Јован Крстител во населбата Капиштец, отец Стевчо Беќарски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верените се причестија со Светите Христови Тајни.
Владимир Лоски
Духовниот живот – растот на човековата личност во благодатта – секогаш е свесен, бидејќи несвесноста е обележје на гревот, “спиење на душата“. Затоа човек треба постојано да биде во будна состојба, да се однесува како син на светлината – да живееме како деца на светлината (Ефес. 5,9), според зборовите на апостол Павле: стани ти што спиеш, и воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли.
Беседа- о.Стефчо Беќарски
ДВАЕСЕТ И ВТОРА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
Ние луѓето најмногу се препираме околу сопственоста и никогаш не им се знае крајот на таквите препирки. А, чија сопственост сме ние?
Стадото се граба за пасиштето, а сопственикот на пасиштето и на стадото застанал и гледа со чудење, зошто неговото стадо се граба за неговото пасиште, кога тој се грижи и за стадото и за пасиштето?
Многу работи човекот запомнува, а една никако да ја запомни, иако постојано се повторува, а тоа е дека секој од нас доаѓа на овој свет без никаква сопственост и без сопственост ќе замине од овој свет.
Луѓето ја делиме оваа црна земја, но никако да ја поделиме. Дури со живот ги плаќаме границите на својата сопственост, а границите сепак остануваат подвижи. Со непосредно поскапото се плаќа неспоредливо поевтиното. А ние луѓето против тоа многу не се буниме, туку таа страшна цена ја нарекуваме или право или патриотизам, или пак со некое друго утешно име. Но, никако да констатираме и запомниме, дека овцата безумно го даде својот живот за грст трева, кога таа трева е заради животот, а не животот заради тревата.
Ако секој од нас биде запрашан, што е поважно: тревата или човекот, без двоумење едногласно би кажале дека човекот е поважен. Меѓутоа на дело покажуваме дека тревата е поважна од човекот, бидејќи, поради тревата го жртвуваме својот живот, но и животот на другите. Прашањето на сопственоста е прашање на тревата, а сепак тоа прашање е главен камен на препнување во животот на нас луѓето овде на земјата. Само оние кои по својот дух Му се поподобни на Бога, не се сопнуваат на тој камен, туку го заобиколуваат и го оставаат зад себе. За другите тој соблазнителен камен е предмет на препирки, на разговори, на огромен труд и напор, цел и содржина на животот и на крајот -надгробен камен.
Повеќе
Преминпортал
Лето Господово 2011