Скопје, 13 ноември 2011 година,- Соборен храм на св. Климент Охридски
Во дваесет и втората недела по Педесетница, кога Светата Црква ги празнува Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул, светиот маченик Епимах, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужението на свештенството од Соброниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, ги соедини во света брачна заедница Божјите чеда Борко и Сања кои така се стекнаа со благословот Божји за заеднички живот во Христа.
БРАК
За да биде љубовта на мажот и жената совршена каква што ја создал Бог, таа мора да биде единствена, неуништлива, бескрајна и божествена. Господ не само што го подари ова учење, туку дава и сила тоа да се оствари во тајната на христијанскиот брак во Црквата. Во него на мажот и жената им се дава можност да станат еден дух и едно тело, што е невозможно да се достигне само со човечката љубов. Христијанскиот брак, склучен на земјата, со силата на Светиот Дух не се прекинува со смртта, туку во совршенство продолжува во Царството Божјо.
+++
Тајната на бракот не е склучувавање на правен договор, во неа не се содржат било какви клетви и заклетви, во суштина тоа е крштавање и мирпомазување на човечката љубов со Христа во Светиот Дух.
Преминпортал
Лето Господово 2011