Соопштение
Повардарската епархија, претставувана од Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски г. Агатангел ја изразува својата поддршка на жителите на град Велес во нивните напори и заложби за живот во здрава и чиста средина, спротиставувајќи се остро на намерите за рестартирање на Велешката Топилница. Митрополитот Агатангел и свештениците од градот Велес денес ќе бидат дел од протестниот марш низ улиците на градот, со кои ќе се искаже еколошката свест и желбата на велешани за еколошки нормални услови за живот.
Повеќе: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=1140&Itemid=32