логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас Ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето, но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот  ̶  затоа светот и ве мрази. Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазеа, и вашите ќе ги запазат. (Јован 15, 18-20)

            Слушнавте уште еднаш, како и многу пати до сега, што вели Господ Христос: Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас Ме замрази. Затоа, еве уште една можност да се потсетиме што во суштина oвие зборови значат. Значат и дека подвигот на христијанството во овој свет е неразделно поврзан со подвигот на мачеништвото. Всушност, тоа е еден и ист подвиг. Ако сакаме да се нарекуваме христијани во овој свет треба да бидеме маченици.

            Што подразбираме ние, христијаните, под 'свет'? 'Свет' се, пред сѐ, непреобразените страсти што постојат во нас; 'свет' се гревовите што ги правиме; 'свет' се демоните поврзани со непреобразените страсти и 'свет' се луѓето коишто заробени од своите страсти им служат на демоните. Внатрешната или (и) надворешната војна што постојано ја водиме со 'светот' или 'светот' против нас, односно напорот, страдањата и болките што ги претрпуваме притоа, за да останеме во љубовта што ја негуваат чедата Божји кон својот Отец Небесен и кон своите ближни, нас нѐ прават маченици.

            Со други зборови, секогаш кога нема да ги исполнуваме страстите и гревовите, односно секогаш кога се бориме да се ослободуваме од нив и кога страдаме во таа борба, стануваме маченици. Претходното е првенствено опис на внатрeшната борба што ни се случува на првиот степен од духовниот развој – очистување на срцето од страстите. И секогаш кога демонот ќе нѐ нападне однадвор преку луѓето што се негови слуги, затоа што не ќе има можност да нападне од внатре преку непреобразените страсти, и кога ние страдаме во таа борба, стануваме маченици. Претходното е првенствено опис на надворешната борба што ни се случува на вториот степен од духовниот развој  ̶  просветлување на умот.

            Веќе се наѕира што произлегува од досега кажаното  ̶  во една реченица: секогаш кога ќе успееме начинот на нашиот живот да го восогласиме со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, ние стануваме маченици. Тоа значи дека мачеништвото е исто така духовен подвиг чија вистинитост може да се провери според плодовите што ги носи. Оној што ќе пострада маченички на првиот степен, во внатрешната борба со своите непреобразени страсти и демоните поврзани со нив, ќе се стекне со плодот на дарот Божји на аскетската умносрдечна молитва. А оној што ќе пострада маченички во надворешниот напад од страна на луѓето  ̶  демонските слуги, ќе се стекне со плодот на дарот Божји на непрестајната умносрдечна молитва и гледањето на Божествената Светлина.

            А ако пак, некој војува, сепак венец не добива, бидејќи не се борел според правилата (2 Тимотеј 2, 5). Нормално, оној што нема да го восогласи начинот на својот живот и подвиг согласно степенот од духовниот развој на кој се наоѓа нема ни да ги види плодовите на Светиот Дух, ниту пак може да се смета за маченик. На пример, доколку некој тврди дека е маченик затоа што демоните или луѓето го гонат, а ги нема соодветните дарови на Светиот Дух  ̶  како што е умносрдечната молитва, таквиот подобро да се запраша каков непромислен потег направил за тоа да му се случи отколку таква идеја да негува за самиот себе. За жал најчесто прелеста го попречува покајанието. Затоа повеќето христијани скоро до крајот на својот живот остануваат на првиот степен од духовниот развој, без да ги почувствуваат радоста, мирот и светлината на восогласувањето односно, на умносрдечната молитва.

            Зошто најчесто ви говорам во конкретни, а не во општи духовни категории? Затоа што ако говориме за љубов, радост, мир, повлеченост, смирение, тивкост, благост, или пак преподобност (тука и монаштво), мачеништво и јуродивство без притоа сите овие општи категории да се потврдени со печатот на умносрдечната молитва како конкретно проверлива категорија, ние само ширум ги отвораме вратите на прелеста; од која Пресвета Богородица и секогаш Дева Марија и свети великомаченик Димитриј да нѐ спасат.

Митрополит Струмички Наум

 

 

 

Лето Господово 2011 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная