На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот великомаченик Димитриј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и повеќе свештенослужители од Велес, изврши осветување на камбаните за новата црква „Св. Кирил и Методиј“ која се наоѓа во центарот на Велес. Камбаните ги изработи австриската фирма „Грасмаер“ и во тек е нивното монтирање. Црквони ѕвона за новата црква се вкупно 13 од кои осум се со помала тежина и се статични, а пет се поголеми по тежина и се движечки ѕвона. Сите ѕвона произведуваат различен тон и заедно ќе продуцираат велелепни звуци со кои се надеваме со векови ќе се одбележуваат сите големи настани во нашиот град, било да се христијански, општински или дражавни празници.
Извор: Повардарска епархија
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/