Во пресрет на празникот на светиот отец Прохор Пчински, на ден 29. 10. 2011. лето Господово, црковна делегација предводена од Неговото Вископреосвештенство г. Пимен, надлежен архиереј на Македонската православна епархија за Европа и Неговото Вископреосвештенство г.Петар, надлежен архиереј на Преспанско – пелагониска епархија и администратор Австралиско – новозеландски, како и повеќе свештено - служители од Европската и Преспанско – пелагониската епархија, допатува во Пиаченца – Италија, во посета на Македонската православна црковна општина „Свети Прохор Пчински“ торжествено да го прослават патрониот празник.
Митрополитите извршија две вечерни богослужби, воскресна и празнична, како и две архиерејски Божествени Литургии. Забележливо беше присуството на Н.Е. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, амбасадор на РМ при Светата Столица во Рим, Н.Е. г-дин Велибор Топаловски, амбасадор на РМ во Р.Италија, генералниот конзул на РМ во Венеција г-дин Амон Бајрамовски, г-дин Писто Манчев пратеник во собранието на Р.М. од Европа како и г-дин Галини, управител во бирото за имиграција во областа Емилија Ромања. На молитвените собири присуствуваа голем број верници кои се причестија со светите Христови дарови. Повеќе „зборови“ ќе Ви кажам преку фотографскиот материјал кој ќе следува...
Еве и збор – два за МПЦО домаќинот- Македонската православна црковна општина „Свети Прохор Пчински“ е една од помладите МПЦО во Европската епархија, формирана е во 2004 година. Иселениците кои се во најголем број во овие предели се од струмичко – радовишкиот регион, но може да се сретнат и од централните делови на Македонија. Со доаѓањето на о. Климент Мишањ, пред неполни две години, во оваа МПЦО редовно се извршуваат богослуженија, а верниците ја имаат можноста за редовен литургиски живот.
За Preminportal,
Антоние Попоски
-ѓакон-
Фотографија:
Слободанка Мишањ
-протопрезвитера-