Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, (Маркова Сушица), ноќта, петок кон сабота (28-29 октомври 2011 г.), на празникот на светиот маченик Лонгин Стотник и на преподобен Лонгин Трудољубивиот, со почеток во 22:00 ч. се отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Бдението го предводеше о. Дејан Трајков во сослужение на ѓаконот Ѓоко Бурмузоски. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По бдението, игуменијата на Манастирот, с.Илијана ги стопли верните со топол збор, чај и колачи.
Во ноќната тишина, во светлото на неколку свеќи, присутните можеа да ги наполнат своите светилки со масло и во себе да го бараат зрното синап.
Парабола за десетте девојки (Матеј, 25)
„Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот.
...
А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пречекате!‘.
...
Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки. Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘.
...
А кога тие отидоа да купат, пристигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.
...
И така, бидете будни, зашто не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.”
Исто така, би сакале да истакнеме дека во иднина, во овој манастир бденија ќе има секој последен петок во месецот.
Во манастирот ќе се отслужат уште 2 бденија до Божик.
За Преминпортал ,
подготви: Ратислав Кардалев