Скопје, 26 октомври 2011 год- храм на св.вмч. Димитриј
На 26 октомври 2011 година, во деветнаесеттата недела по Педесeтница, на празникот на Светата великомаченичка Злата Мегленска; Светите маченици Карп и Папила во скопскиот храм на свети великомаченик Димитриј се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свети Никола Кавасила
Нашиот Господ го зеде не само телото, туку и душата, умот и волјата - се што и припаѓа на човечката природа – за да се соедини со целото наше битие, за наполно да го проткае, поврзувајќи го во целина она што е Негово со она што е наше... Тој споделува со луѓето се, освен гревот... Во тоа е силата и благодатта на Светата Тајна на Причеста во душите коишто кон оваа Света Тајна се приближуваат со чисто срце и се чуваат од секое зло.
Преминпортал
Лето Господово 2011