o.Gavril.Krstevka.jpg

 o.Gavril.Krstevka1.jpg

Вие што во Христа се Крстивте, во Христа се облековте

o.Gavril.Krstevka.jpg  o.Gavril.Krstevka.jpg

Благодарение на повеќе од љубезното гостопримие на сестринството во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка се осведочивме на прекрасен чин на крштевање на двајца наши сограѓани Ѓорѓи и Димитар.  Иако возрасни, овие луѓе водени од искрената и срдечна желба го примија крштевањето токму онака како што Црквата не учи – како премин од овој свет во Царството Божјо, како умирање, а раѓање во Христа.  
Крштевање го изврши отец Гаврил чиј вдаховен максимум во чинот на целиот настан му даде посебен торжествен белег.
По завршувањето на чинот Крштевање, отец Гаврил ги спомена имињата на светите великомаченици Димитријa и Ѓорѓи, велејќи дека споменот на нив треба вечно да се носи во срцата, а живот на овие двајца светци да биде пример на новокрстените чии свети имиња ги носат.

o.Gavril.Krstevka.jpg  o.Gavril.Krstevka.jpg

o.Gavril.Krstevka.jpg 

o.Gavril.Krstevka1.jpg

o.Gavril.Krstevka.jpg

o.Gavril.Krstevka1.jpg

o.Gavril.Krstevka1.jpg

Подготви:Наташа Димитриевска - Деспотовска