Вие што во Христа се Крстивте, во Христа се облековте
Благодарение на повеќе од љубезното гостопримие на сестринството во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка се осведочивме на прекрасен чин на крштевање на двајца наши сограѓани Ѓорѓи и Димитар. Иако возрасни, овие луѓе водени од искрената и срдечна желба го примија крштевањето токму онака како што Црквата не учи – како премин од овој свет во Царството Божјо, како умирање, а раѓање во Христа.
Крштевање го изврши отец Гаврил чиј вдаховен максимум во чинот на целиот настан му даде посебен торжествен белег.
По завршувањето на чинот Крштевање, отец Гаврил ги спомена имињата на светите великомаченици Димитријa и Ѓорѓи, велејќи дека споменот на нив треба вечно да се носи во срцата, а живот на овие двајца светци да биде пример на новокрстените чии свети имиња ги носат.
Подготви:Наташа Димитриевска - Деспотовска