Скопје, 9 октомври 2011- храм на св.вмч. Георгиј, н. Чаир во Скопје- на празникот на свети Јован Богослов, апостол и евангелист; и преподобен Нил Калабриски
На 9 октомври 2011 година, во седумнаесетта недела по Педесетница, кога Македонската православната црква ги празнува свети Јован Богослов, апостол и евангелист; и преподобен Нил Калабриски, во храмот на св.вмч. Георгиј во населбата Чаир , во Скопје, отец Ивица Тодоров отслужи Божествена Литургија. На Литургијата се причести ја со Светите Христови Тајни.
Свети Григориј Палама
Кога човек ќе се поздрави со сѐ што е во светот: кога ќе се одрече од парите и од имотот, ќе ги отфрли и ќе им ги раздели на сиромашните (Лука 14, 33) ослободувајќи се така од грижите, тогаш душата е во состојба да се предаде на самонабљудување, како слободна од сѐ што ја привлекува однадвор и ја расејува. А кога умот, откако се одвоил од сѐ што е сетилно, ќе се издигне над растргнатоста од мноштвото грижи и ќе го здогледа внатрешниот човек, првиот напор му е со плач да ја измие одвратната маска што преку светските скитања и заблуди ја стекнал. Откако од себе ќе симне сѐ што безоблично го покривало, со оглед дека душата веќе не ја апсорбираат различните предмети, спокојно влегува во своите внатрешни ризници и во тајност Му се моли на Отецот (Мат. 6, 6). Бог тогаш најпрво му го дарува сокровиштето на сите други дарови: мирот и тишината на помислите.
Преминпортал
Лето Господово 2011