Скопје, 2 октомври 2011- во храмот Рождество на Пресвета Богородица одбележан празникот Собор на сите македонски светители
Во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, на празникот на Сите македонски светители се одржа Семакедонски црковно-народен собор . По тој повод се отслужи Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Европски г. Пимен и поранешниот Митрополит Европски г. Горазд како и повеќемина свештенослужители и ѓакони од сите епархии на МПЦ. На Литургијата отец Јосиф, игумен на манастиро Рождество на Пресвета Богородица во с. Калишта беше произведен во чин архимандрит.
Преминпортал
Лето Господово 2011