Скопје, 11 септември 2011- храм Рождество на Пресвета Богородица на празникот на Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
На 11 август 2011 година, кога Македонската православната црква ги празнува Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител; Светиот маченик Анастасиј Радовишки; Преподобна Теодора Солунска; во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свeти Петар Дамаскин
Со покајанието, секогаш можеме да поставиме почеток. Напишано е: ’ако си паднал’ а ти ’стани’ (сп. Изрек. 24, 16). И ако повторно паднеш повторно стани, и нималку не очајувај за своето спасение, што и да се случи. Сѐ додека ти не му се предаваш волно на непријателот, додека твоето трпение му одолева, придружено со самоосудувањето, ќе најдеш спасение. ’Зашто и нас кои некогаш бевме неразумни, непокорни’ вели апостолот Павле, ’Он нѐ спаси, не според праведните дела извршени од нас, туку според милоста Негова (Тит. 3, 3 - 5). Затоа не очајувај на ниеден начин, отфрлајќи ја така Божјата помош, зашто Тој може да направи сѐ што сака. Ти напротив, положи ја својата надеж на Него и Тој ќе направи едно од овие нешта: или преку испитувања и искушенија или на некој друг начин, само Нему познат, ќе го устрои товето обновување; или пак ќе го прифати твоето трпение и смирение наместо подвиг; или заради надежта во Него ќе подејствува милостиво врз тебе на начин за тебе непознат за којшто самиот не си ни свесен, па така ќе ја спаси окованата душа. Само ти не напуштај Го својот Лекар, зашто инаку ќе пострадш бесмислено, со двојна смрт, како оној што не ги познал скриените патишта Господови.
Преминпортал
Лето Господово 2011