Mакедонската дијаспора го одбележа 20 годишниот јубилеј на независност на Република Македонија во парламентот на Викторија
Hа 5 септември 2011 годината во организација на генералниот конзулатот на Р. Македонија вo салата на парламетот на Викторија, македонската дијаспора го одбележа 20 годишниот јубилеј на независност на Република Македонија.
На оваа прослава присуствуваше Неговото Високопреосвештенство владиката Петар со свештенството ма МПЦЕАНЗ, потоа претсавници од Македонските културно уметнички друштва, од здружението на Македонските Бизниси од Викторија, од Македонските лоби организации – Организацијата за човекови права и Македонската Обединета дијаспора од Австралија, Македонскиот Совет, од Македонската естрада на и многу други познати Македонски активисти и успешни бизнисмени.
Поздравно слово преку видео бим упати Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов, кој говореше за важноста на 20 годишнината независнот на Република Македонија.
Kонзулот на Република Македонија г-дин Саво Сибиновски одржa поздравен говор, а по него говореа Брус Аткинсон претседател на Викторискиот парламент и Робин Скот преставник од Лабористичката партија на Викторија.
Преземено од: http://www.mpceanz.org.au/20-godini-nezavisnost-parlament-na-viktorija-2011/