Штип, 19 декември (МИА) -
Ги поддржуваме напорите на Владата, Република Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и во ЕУ. Навистина мислам дека ова е последен обид на нашиот јужен сосед, кој максимално злобно го користи овој период пред Самитот во Букурешт, на кој Македонија очекува да добие покана за членство во НАТО. Македонија со векови, па и со миленуми е препознатлива по своето име. Злонамерни се притисоците од нашиот јужен сосед, изјави во Штип поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан.
Што се однесува до преговорите со Српската православна црква, тој истакна дека тие се во мирување поради влошената здравствена состојба на српскиот патријарх Павле.
Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан денеска заедно со четворица митрополити одржа заедничка Литургија по повод патрониот празник на Соборниот храм Свети Никола во Штип кој оваа година слави 140 години од своето постоење. вдј/гс/15:26
Посети:{moshits}