Денес, кога светата Христова Црква го празнува споменот на великиот наш отец Николај, Мирликискиот Архиепископ, Чудотворец, во соборниот храм на Куманово, кој го носи неговото име, беше извршена света Литургија. Началствуваше нашиот возљубен Митрополит дедо Кирил, Полошко-Кумановски. На својата беседа тој го изрази значењето на светиот отец Никола, светило и пример за живот, и како тој се почитува во Македонија, а посебно во Куманово.
Со певницата раководеше протопсалтот Георгиј, со учениците од Богословијата, на покана на свештенството. Хорот беше топло пречекан и поздравен од Митрополитот и многу пофален.
По светото Благодарење, промовирана беше книгата „Соборен храм ’Свети Никола’ – Куманово“, дело на старешината на храмот, протојереј Жико Тодоровски. Промотор, воедно и рецензент беше протојереј ставрофор Стојан Јанковски. Во книгата се изнесени факти кои се однесуваат на градот, храмот, како и житието на светителот. Приходите од продажбата на книгата во целост ќе се донираат на храмот во изградба „Свети Архангел Михаил“ во нас. Карпош (Рајкова Куќа) во Куманово. Потоа беше направена скромна братска трпеза.
Антонио Лазески
Промотивна реч за книгата-Митрополит Кирил од авторот Славе Николовски Катин
Посети:{moshits}