„Христовата маченица Јулита, носејќи го Кирика во прегратките, во подвигот храбро веселејќи се, викаше: Христос е пофалба на мачениците“ (кондак на св. маченици Кирик и Јулита).
На ден 28.07.2011 година го прославуваме празникот на светите маченици Кирик и Јулита и по тој повод, во храмот „Св. Богородица Болничка“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на свештениците Љупчо Симиџиески и Игор Никовски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на светата Литургија беа осветени двете нови камбани кои ќе го красат соседниот храм „Св. Никола Болнички“. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. По молитвите на твоите свети маченици Господи Исусе Христе помилуј нè и спаси нè. Амин!
Извор:
http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=761