Денес кога Светата православна Црква ја празнува втората недела по Педесетница, во Македонската православна црковна опстина Успение на Пресвета Богородица во Лос Ангелес имавме посебна радост. На светата Литургија покрај мноштвото на верници присуствуваше и зема учество и малиот Лука кој е и наш гостин заедно со неговата мајка Катерина дојдени од нашата татковина Македонија. Љубовта кон Црквата Христова се покажуваште во младоста, па можеби тој ќе биде и третиот наследник на возвишената служба. После дедото и вујкото, верувам дека и внукот ќе тргне по нивните стапки.
За Преминпортал од Лос Ангелес:
о. Ристо Ристовски