На третиот ден Духовден, 14.06.2011 година, во Соборниот храм “Св. В-мч. Димитриј“ во Битола, отслужена е Празнична Божествена Литургија и е отпразнуван 30 годишниот јубилеј од хиротонијата на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар. Многубројното свештенство од Преспанско-пелагониската епархија, како и верниот народ од нашата епархија, му го честитаа овој значаен јубилеј на духовниот татко. Тоа е јубилеј на сите нас, зашто на сите нас, на посреден или непосреден начин, н¢ прати благословот од Митрополитот, бидејќи нашиот владика духовно не роди, раководи и воспитува.
Многубројните јубилеи се слават како изминато време, а ние, овој јубилеј го одбележавме како добиено, како време до кое постојано се допирала вечноста, како време исполнето, како почеток за нови остварувања. 30-ет годишниот архипастирски пат на нашиот владика, со право може да се нарече, пат на духовна обнова, обнова на верата, на душата, на црковноста, но и обнова на храмови, манастири, пат на кој е собрано мноштво монаштво со кое се оживеани многубројни манастири, а во храмовите Божји, духовно обединети верните чеда.
На многаја лета, Ваше Високопреосвештенство!
Негово Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеланд¬ски г.Петар благоволи да Богослужи Божествена Литургија и да проповеда.
на 12.06.2011 г. Н на Педесетница; Слегување на Светиот Дух- Духовден; Препод Исакиј Исповедник; Празнична Божествена Литургија во храмот “Св. Недела”-Битола;
на 12.06.2011 г. Мало повечерие во храмот “Св. Троица”- Буковски Ливади;
на 13.06.2011 г. Духовден-2 ден; Св. ап. Ерма; Св. мч. Ермиј; Празнична Божествена Литургија во храмот “Св. Вмч. Димитриј”-с. Ореовец;
на 14.06.2011 г. Духовден-3 ден; Св.мч. Јустин Философ; Празнична Божествена Литургија во храмот “Св. Вмч. Димитриј”- Битола;
За Преминпортал
Весна Апостоловска
Лето Господово 2011