Делегација од Република Македонија за празникот на свети Кирил и Методиј во Рим (24.05.2011)
Тропар, глас4
Како рамни по нарав на апостолите и учители на словенските страни, богомудри Кириле и Методие, молете Го Господарот на вселената, да ги утврди сите словенски народи во православие и едномислие, да го смири светот, и да ги спаси душите наши.
На гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“, во Рим, кадешто почива телото на блажениот рамноапостол, на 24 мај 2011 година, кога се одбележува денот на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј се одржa молебен со кој чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско- пелагониски г.Петар, во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, и свешетослужители на МПЦ. Македонската државно-црковна делегација беше предводена од претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓи Иванов.
Преминпортал
Лето Господово 2011
Фото: Сашо Целески