Крушево, 15 декември (МИА) - Од денеска поштенската марка со ликот на Тоше Проески ќе патува низ светот, како што патуваат неговите глас и песни. Марката денеска беше промовирана во Макеодниумот на Гумење во Крушево, со звуците на песната од Тоше „Игри без гранции“, што на хорна ја изведе Александар Гошев од Македонската филхармонија.
Марката ја промовираа генералниот директор на „Македонски пошти“, Садула Изаири и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во присуство на родителите на Тоше Проески - Доменика и Никола, поглаварот на МПЦ г.г Стефан, заменик-министерот за култура, Слободан Деспотовски, роднини и пријатели на Тоше.
- Македонската марка со ликот на Тоше кој држи гулаб е издадена во еден милион примероци, што е првпат за една марка издадена во Македонија. Авторските права се на „Македонски пошти“ во соработка со Министерството за транспорт и врски и со согласност со семејството на Проески, рече директорот на „Македонски пошти“, Садула Изаири.
- Марката е со номиналан вреднсот од 12 денари и преку неа ќе се промовира Македонија насекаде во светот како што тоа Тоше го правеше со својата песна и со своите хумани дела, појасни Изаири.
Автор на дизајнот на марката е фотографот Дарко Мораитов. Средствата од издавањето на марката ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Меѓу првите, крв дадоа другарите на Тоше и неговите родители Доменика и Никола Проески. ем/ли/15:44