На 20.04.2011 г. (Велика среда), во 12 часот, по повод големиот и најрадосен христијански празник Воскресение Христово-Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, ја произнесе Велигденската посланица до верните чеда на Преспанско-пелагониската и Австралско-новозеландската епархија и одржа прес-конференција, во просториите на Светата Митрополија во Битола.