логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

Посета на Столицата на САД ,
група семинаристи со деканот од Светотроитскиот манастир во Џорданвил

“Блажен е оној кого Ти Си го избрал и примил; он ќе живее во Твоите дворови; ќе се исполни со добрина од Твојот дом; а Твојот дом е свет и чудесен е во праведноста“ (Псалм 64, 4).
Вашингтон, Столицата на САД, град кој кога ќе го видиш, не можеш, а да не речеш “ова е прекрасно“. Полн со разновидни цветови насекаде, период кога јапонските вишни расцветуваат, разни дрвја, со еден збор јас би го нарекол “Зелениот град“. Милионски град, во кој се наоѓа сета главна администација на САД, како што се Белата куќа, зградата на Конгресот...
И јас сум дете во душата, се радувам на сé затоа што и ова парче на земјата Бог го создаде, а јас како опиен продолжувам да пијам од убавините.

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg
Група на семинаристи од Светотроитскиот манастир во Џорданвил заедно со деканот, отец Владимир ја посетивме Столицата (главниот град) на САД. Главната посета се должеше во рускиот православен храм св.Јован Крстител во Вашингтон. Велелепна црква! Истата брои стотици свети мошти од светители, делови од свети места и сл..
По пристигнувањето во храмот се отслужи благодарсвена похвала (Акатист) кон Пресвета Богородица. Овој храм особено го почитува култот на свети Јован Шангајски и Сан Франциски. Зошто? Имено во 1949\50 светиот владика Јован дошол во зградата на Конгресот во Вашингтон и барал од членовите на истиот да дозволат влез во САД на русите (околу 3000 ) кои што живееле во Јапонија. По неговите молитви и труд членовите на Конгресот дале дозвола да влезат во САД. Исто така, првата литургија во Вашингтон која ја отслужил владика Јован била на денот на отсекувањето на главата на свети Јован Крстител и затоа подоцна која бил изграден православен храм, бил посветен на истиот пророк. Патем, дел од семинаристите каде што бевме сместени во едно семејство, човекот чие име му е Сергеј му беше ипоѓакон на свети Јован Шангајски и Сан Франциски, па така имавме прилика да разговараме со него за неговите животни искуства со владика Јован.

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg
Во неделата свештенослужителите при храмот отслужија божествена литургија на свети Василиј Велики, каде на истата речиси целиот народ се причести. Впечатливо беше тоа што Симболот на верата и “Оче наш“ го пееја целиот народ. Сите Му благодаревме на Бога што во овој Великопосен период не донесе во Вашингтон, каде најпрво го запознавме духовниот живот при овој храм, вклучувајќи го овде и делото на свети Јован Шангајски и Сан Франциски. Потоа имавме како кратка трибина на која деканот на Светотроитската Семинарија, отец Владимир говореше на историјата на истата, а ние како семинаристи се претставуваме со наш краток говор.
За време на нашата посета во Вашингтон, прво ја посетивме библиотеката на Конгресот. Можам да кажам дека оваа е меѓу или пак најголема библиотека во светот! Истата изобилува со 25 милиони книги. Градот е полн со разни музеи. Прво, како што горе напоменав чист град, полн со дрвја и цвеќиња. Потоа овде се наоѓа споменикот на Вашингтон, кој е прилично многу висок, Линкајн меморијал... Овде се наоѓа, исто така, и Белата куќа каде што живее и работи претседателот на САД. Недалеку од оваа куќа е зградата на Конгресот која истата е впечатлива со својата висока купола.
Вашингтон, Столицата на САД, град кој кога ќе го видиш, не можеш, а да не речеш “ова е прекрасно“. На крајот остана на благодариме со Похвала кон Бога што ни ги покажува земните е небесните убавини, а јас за себе ќе речам;
Каде и да одам, одам со сето свое срце!
Слава на Троичниот Бог за сé!

Со зборовите на свети Серафим Саровски ќе Ве поздравам- Радувајте се!

 

 Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

 

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

Stole.Vashington.jpg

  Стојанче Серафим Андов
Светотроитски манастир, Џорданвил

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

16/07/2026 - четврток

Светиот маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преподобен Александар; Свети Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная