Св. Теофан Затворник (Недела 4. недела) - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА (90)
Понеделник (6. недела од Постот)
Така вели Господ: Те учам за да би напредувал, те водам по патот по кој треба да одиш. О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река и твојата правда како морски бранови, и тоето потомство како песок, а породот од утробата твоја, - како зрнца негови. Но, и сега името твое нема да се истреби или избрише пред Мене. Но, под кои услови? Излезете од Вавилон (Ис.48 ,17-20). Вавилон е образ на сестрана гревовност. Остави го гревот, обрати се кон кон Господа со сето свое срце и со сите твои мисли, та Тој нема да ги спомнува твоите гревови, и ќе ги предаде на заборав неправдите твои. И пак ќе бидеш во прегратките на Неговата милост. Само оди по патот на кој Тој те учи, па твојот внатрешен мир ќе биде како река, благите мисли на твоето срце како песок, а како зрна негови - плодовите од твоите доблести.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (11.04.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.