Св. Теофан Затворник (Недела 3. недела) - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА (86)
Вторник
Крштевањето, според апостолот Петар, е ветување на добрата совест (1.Пт.3, 21). Крстениот дава ветување дака во иднина ќе живее со чиста совест, а во сета широчина на Господовите заповеди, кои ги прими во совеста. Чистотата на природата е знакот на крстениот. Апостол Павле светлината на својот живот ја споредува со светлина на воскреснатиот Господ. Како што вели тој, Христос стана од мртвите со славата на Отецот, така и ние треба да чекориме во новиот живот (Рим.6, 4). Во крштевањето, умира стариот гревовен човек, а станува новиот, кој е ревнител на добри дела. И така, крстени, сметајте ... дака сте мртви за гревот, а живи во Бог Христос Исус, Господ наш. Да не царува, гревот во вашето смртно тело, да не го слушате во похотите негови, ниту давајте ги рацете и нозете на гревот за оружје на неправдата; но предајте се себе си на Бога, како оживеани од мртвите, и себе си на Бога како оружје на правдата. Бидејќи , гревот нема да овладее со вас (Рим.6 ,11-14).
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (29.03.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.