Манастир на св. Никола, с.Љубанци (скопско)
23 март 2011 год.- На празникот на светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него,преподобната мајка Анастасија
Денес, на 22 март 2011година, во третата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него,преподобната мајка Анастасија , во манастирската црква на св.Никола, во с.Љубанци во Скопска Црна Гора, се отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови.
Од книгата Битие (1.Мој.7,6-9)
Ное имаше шестотини години, кога дојде потопот на зејата.И влезе Ное во ковчегот, и синовите негови, жената негова, и жените на синовите негови со него, заради потопот од вода.И од животните чисти и од животните нечисти, и од птиците и од се што се влечеше по земјата; влегоа при Ноја во ковчегот по две, машко и женско, како што му заповеда на Ноја Бог.
Преминпортал
Лето Господово 2011
Од Верскиот календар на МПЦ (24.03.2011)