Скопје, 18 март 2011 год. - манастирска црква на св. вмч.Георгиј, Криви Дол
Денес, на 18 март 2011година, во втората недела од Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на св. маченик Конон; Преподобен Исихиј Постник, преподобен Марко Подвижник, во манастирската црква св.вмч. Георгиј во Скопје, се ослужи Литургија на Претходноосветени дарови. На Литургијата верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Од книгата Битие (1.Мој.5,32;6,1-8)
Ное имаше петстотини години, кога ги роди трите сина: Сима, Хама и Јафета. А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени. И рече Господ Бог: „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело; ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години." А имаше во тоа време џинови на земјата, особено, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време. И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески - оти се каам што ги создадов." Но Ное најде милост пред очите на Господа Бога.
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
http://www.youtube.com/watch?v=tnO2GU-B0Q8&feature=player_embedded