ТЕОДОРОВА САБОТА
Напредувајќи од безбожието во православната вистинска вера, и просветлени со светлината на знаењето, да заплескаме со рацете и да запееме гласно, принесувајќи пофалби и благодарност на Бога; и со достојна почит да се поклониме на светите икони на Христа, Пречистата Дева и Светителите, било да се насликани на ѕид, дрво или свети садови, отфрлајќи го безбожното учење на еретиците. Зашто, како што свети Василиј рече, почитувањето кое се укажува на иконите се пренесува на ликот кој е на неа изобразен. По молитвите на Пречистата Твоја Мајка и сите Свети, Те молиме, Христе Боже наш, подари ни голема милост.
Сабота, Вечерна воочи Неделата на Православието
Поуки од светите отци: Прекрши го лебот свој и дај им на бедните. Не даваш свое. Бог затоа тебе ти дал повеќе и ти да би давал на другите. Тебе ти е доволен насуштниот леб, како и си се научил од молитвата; затоа не си собирај слама за оган и мачење.
Свети Ефрем Сирин
Молитва:
Боже, со Својата голема милост и љубов погледни на нас, луѓето Твои, за Твојата благодат секогаш да нè поучува, води и го сочува нашето тело и душа, Ти, со Синот Твој и Господ наш, Исус Христос. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Послание до Евреите 1, 1-12
Свето Евангелие по Марко 2, 23-3, 5
Созерцание: И им рече Господ: »Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата. Па така, Синот Човечки е господар и на саботата. «
Свето Евангелие по Марко 2, 27-28
Подготви : А.Л.
:
Икона на денот
Светиот маченик Агатангел Битолски
Запис врежан врз светиот кивот со моштите на новомаченикот:
„Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто маченички пострада во 1727 година од следнава причина:
Кога сите Агарјани, имајќи си зол обичај, во трите дена на бајрам го потурчуваа секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, при тоа сочинувајќи и ферман, и со Божјо содејство - попуштија. Оние, пак, не поднесувајќи го ова, го убија, а главата негова беше воскрасена во дните на кир Григориј Пелагонијски, а од ереите беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј,
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)