Нам смирените, благоволи со мир да го минеме предочистувањето за постот, со Твоето неискажливочовекољубие Христе Боже. Оттргни ги лукавствата на непријателот и со крстот Твој спаси ги сите, Ти Кој единствен ги знаеш тајните на срцето.
Од пророштвото на Јоил:
Така вели Гопсод: Обрнете се кон Мене од се срце со пост, плач и ридание. Раскинете ги срцата свои а не облеката и обрнете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува за злото, кој знае дали ќе остави благослов: лебен принос и прелив за Господа, нашиот Бог?
„Заповедајте пост, повикувајте кон Господа. Меѓу тремот и олтарот нека плачат свештениците.“