Хамбург Германија
Црковна делегација предводена од архиепископот охриски и мкедонски г г Стефан , митрополитото за европската епархија Г. Пимен , митрополитот брегалнички Иларион,во дводневна посета на Хамбург Германија.
Пред насобраните верници кои дојдоа од сите страни на Германија, се одржа Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Архиепископот г.г.Стефан заедно со епархискиот архиереј г.Пимен и Брегалничкиот Митрополит г.Иларион. Од сите цркви од европската епархија беа дојдени свештеници и преставници на црковните одбори.
Дваесет години , можеби, се мал период во историјата , но за Македонците доселени во овој град и крај на оваа земја се, пред се , време – светлосна мугра во македонското духовно будење и време темелбик врз кој с е потпира македонското црковно организирање порача Архиепископот Стефан во соловото изречено на прославата од 20 годишното постоење на МПЦО Свњети Ѓоржи Кратовски.
Негувајте и градете единство меѓу вас и со родот наш македонски и овде во Германија и по сиот свет, рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.Потребно од се ни е единствомеѓу нашиот народ, зашто сме исправени пред големи искушенијаЧда го одбранимеисториското име, да ја зачуваменацијата и сите духовно национални придобивки и вредности.
На архиерејската литургија и на празнувањето на јубилејот присуствуваше и амабасадорот на РМ во Германија Корнелија Утевска како и почесниотМакедонски конзул во Хамбург Ханс Јуерген Боеш.
Ке биде приказан филмот Име си е име .
За Преминпортал,Јулијана Тануровска
Скопје, 30 септември (МИА) - На покана на почесниот македонски конзул во Хамбург, Ханс Јуерген Боеш, висока црковна делегација предводена од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, митрополитот за Европа г. Пимен, митрополитот на Повардарска епархија г. Агатангел, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска, престојуваа во дводневна посета на Германија.
За време на посетата беа остварени повеќе средби со претседателот на Советот на Сенатот Волкмар Шоен кој искажа благодарност кон придонесот на Македонците кои живеат и работат во Хамбург, а од страна на г.г. Стефан беше искажана благодарност кон црковните власти во Германија за помошта и гостопримството што ја има нашиот православен македонски народ, кои, како што рече, иако оддалечени од својата татковина успеваат да најдат начини да ја искажат љубовта кон својата Македонска свети климентова православна црква.
На средбата присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Берлин, Ѓорѓи Филипов, кој ја потенцираше меѓусебната пријателска соработка помеѓу двете држави, за што зборуваат и обостраните неодамнешни пријателски и работни посети на претседатели на Македонија и на Германија.
Членовите на македонската делегација ја посети најголемата и најважна барокна евангелистичка црква во Хамбург „Св. Михаил“, која била повеќе пати досега палена, но секогаш обновувана и повторно изградена, објаснуваше старешината на црквата пастор Александар Роедер.