Групна Венчавка - во слава на љубовта и Изворот на Љубовта - на 22. 01. 2011 -
Свештеничкото братство на Црковната Општина „Св. Георгиј Победоносец“, во чест на големиот празник на Црквата - „Раѓање Христово“, а во слава на љубовта и Изворот на Љубовта, организира прво Групно Венчавање.
Целта на ова групно венчавање е - сите оние кои го регистрирале својот брачен статус пред државата, а живеат христијански живот, но за својот брачен живот сеуште не го примиле и благословот Божји од Неговата Црква - тоа да можат да го направат на оваа ГРУПНА ВЕНЧАВКА.
Извршувањето на Св. тајна Венчавање (благословување на брачната заедница) во рамките на ова Групно венчавање е - Бесплатно!
За пријавување и за повеќе информации - ПОВЕЛЕТЕ - во свештеничката канцеларија во храмот (молитвениот дом) „Св. Георгиј“ - населба Чаир секој ден од 9 до 13 часот, во четврток до 17 часот. Телефон за контакт: 2622 - 455
Групната Венчавка ќе се изврши во храмот (молитвениот дом) „Св. Никола“ - населба Скопје Север на 22. 01. 2011 година со почеток во 16 часот!