логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„Сакајќи да го спасиш заблудениот човек, не сметаше дека е недостојно да се облечеш во облик на слуга, зашто требаше Ти - Господарот и Бог, заради нас да ја примиш нашата природа, бидејќи Ти - Избавителот, кога се крсти по тело, нас за прошка нé  удостои. Затоа Ти викаме: Христе Боже наш, слава Ти.
( вечерна стихира на празникот)
Неслучајно овој празник, како почеток на нашето просветување, во древноста е нарекуван Ден на Светлината. На овој ден Христос се јави на светот и почна јавно да поучува и прави чуда - тргна да пострада за родот човечки, проповедајќи и творејќи го нашето спасение. Исполнувајќи го законот, Он дојде да се крсти на Јордан. Небесниот Цар смирено ја приклони Својата глава под десницата на Својот слуга, се поклони Творецот пред својата творба. Затреперил Јован, а со него и целата водна природа. Се отвориле небесата;загрмел гласот на Отецот:Овој е Мојот возљубен Син, Кој Е по Мојата волја! А Светиот Дух слегол во вид на гулаб, откривајќи ја на светот Света Троица. Така на Јордан се положи темелот на ослободувањето од гревот. Осветувајќи ја природната вода, Господ и даде сила за во крштението да го препораѓа човекот и во црковните свештени обреди да ја прими благодатта на Светиот Дух за исцеление на човечките немоќи.

 

 

 

Празнувањето во Бигорскиот свештен манастир започна уште на навечерието на 17.01, кога браќата и сестрите, заедно со присутните гости, на сеноќното бдение ја измолија благодатта на Светиот Дух за осветување на Богојавленската вода. Во тивката молитвена атмосфера на Бигорскиот храм, свечено се редеа покајните стихови на псалмопевецот Давид, означувајќи го текот на празничните Царски часови, проследени со Вечерна богослужба и Божествена Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј, во сослужение со игуменот, архимандрит Партениј и јеромонасите од братството. Потоа, откако сите се причестија со светите Христови Тајни, со свечена литија и пеење на богојавленскиот тропар, тие се упатија кон манастирската фијала, каде со голем Водосвет, беше осветена Богојавленската вода.

Торжеството продолжи и на денот на самиот празник. После свечената празнична Литургија, повторно со литија, монасите на светата Бигорска обител и многубројните придојдени гости, предводени од својот старец, архимандрит Партениј, тргнаа кон блиското село Ростуше, за и таму да го пренесат повикот на Претечата за покајание и духовно крштение, преку благодатта на Светиот Дух, Кој денес изобилно се излеа во водите. И навистина и сега, после повеќе од два милениума, не престанува овој силен глас на Крстителот - „Покајте се!“, преку неуморниот духовен труд на монашкото братство, и особено нашиот старец, о. Партениј, кој целиот се предаде на својата служба да Му ги приготви патиштата на Господа во срцата на луѓето, да го разбуди народот за покајание. Па така, и овој свечен миг на фрлањето на крстот, тој го збогати со еден боговдахновен повик до срцата на сите присутни, излевајќи ја на сиот народ Богојавленската радост:
Го чествувавме Рождеството Христово – со ѕвездата се движевме, со мудреците се поклонивме, со пастирите бевме озарени, со ангелите славословевме. Сега празнуваме друго Христово дело, друго таинство. Не можам да го сокријам своето духовно задоволство и добивам вдахновение да проповедам како Јован, макар што не сум Претеча. Христос се просветува – да се озариме и ние со Него! Христос се крштева – да влеземе и ние со Него и со Него да излеземе! Исус се крштева – многу нешта открива оваа тајна. Кој се крштева, кој Го крштева и кога се крштева? Се крштева Чистиот; Го крштева Јован; се крштева, кога започнува да прави чудеса! Што значи тоа? На што треба да се научиме? Должни сме да се очистиме душевно, да се покаеме и смириме, па да може и да проповедаме, откако сме добиле усовршена духовна и телесна возраст.
Мислено да застанеме пред Јордан и да ја видиме тајната, што се извршува во него! „Морето виде и избега, Јордан се врати назад.“ Да го видиме Јован, кој го извршува крштението над Оној, Кој ги зема врз Себе гревовите на светот. Да го видиме и Отецот, Кој одозгора сведочи за преславното снисхождение на Својот Син. Да Го видиме и Духот Свет, Кој слегува во вид на гулаб и застанува врз Посведочениот. О, преславни чудеса на преславниот Цар! Како трулежната рака, која се допрела до Главата на сета вселена, не согорела? Кој видел и кој чул некогаш, сено да се допре до оган и да не биде повредено од пламенот? Навистина блажена и три пати блажена е таа фиданка на Захариј и Елисавета. Блажени сме и ние, кои Го гледаме Единородниот Син Божји, Светлината на светот, Која го распрснува мракот на ноќта.
На светото Крштение Христово му даваме различни имиња: дар, благодат, крштение, помазание, простување, нетлена облека, бања на препородувањето, печат – се што за нас е многу чесно. Го нарекуваме: дар – бидејќи се дава на оние, што не придонесуваат од себе си; благодат – бидејќи се дава на оние, што уште должат; крштение – зашто во водата се погребува гревот; помазание – како нешто свештеничко и царско, зашто царевите и свештениците се помазуваат; просветување – како светлина; облека – како засолниште од срамот; бања – како измивање; печат – како знак и залог за господство. За тој дар заедно со нас се радуваат и небесата; него го славословат и ангелите, поради сродството со светлината; тој е образ на небесното блаженство; него сакаме и ние да го воспееме, па макар и да не можеме, колку што е неопходно!
 Господи, Ти навистина Си чист и вечен извор на благодат! Ти справедливо Си се одвратил од нас и човекољубиво Си нé  помилувал. Ти нé  намрази и пак се помири со нас, нé  проколна и нé  благослови, нé  изгони од рајот и пак нé  повика. Ти ја симна од нас ризата на срамот и нé  облече во скапоцена облека; ја отвори темницата и ги ослободи осудените; нé  пороси со чиста вода и нé  очисти од нечистота. Нема веќе да се срами повиканиот од тебе Адам, и нема да се крие зад дрвото во рајот, изобличуван од својата нечиста совест. За сето ова, да ја испееме пред Бога радосната песна, што во древноста, устата пророчка ја возгласила, вдахновена од Светиот Дух: „Многу ќе се радувам во Господа, душата моја ќе се развесели во мојот Бог: зашто Он ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда, како на младоженец ми стави венец и како невеста со накит ме украси“ (Иса. 61, 10).
А за најсреќниот, кој го имаше Божјиот благослов да го фати крстот, и тоа по четврти пат, градоначалникот на Ростуше, г-дин Мукрем Мехмети, и нашиот долгогодишен спонзор „ХА-ЕМ“, повторно припремија пригодни подароци.
+++
+++
+++

 

 +++


Повеќе: http://bigorski.mk/index.php?content_type=sluzhbi_bdenija&action=details&record_id=311

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная