логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Отецот: Што мислиш, Н., кој беше најголемиот Божји дар за тебе, на ова Рождество Христово?

Сестра Н: Најголем дар за мене е што го познав својот грев.

Отецот: Да, но, колку што ти е дадено, моментално. Негувај го тоа чувство на покајание затоа што лесно се губи.

Сестра Н: Добро... Размислував овие денови и за симнувањето на Христос во адот.

Отецот: Таа тема не е несоодветна за Рождеството, бидејќи јаслите во кои Христос е положен се прикажани на иконата како Неговиот иден гроб, а повоите со кои Христос е повиен се како повои погребни. И воопшто, кога Вечноста влегува во историјата, времето станува релативна категорија. Впрочем, целиот Негов Домострој на нашето спасение е страдање до истоштение. Почетокот го покажува веќе крајот. Во пештера роден, во пештера погребен. Синот човечки нема каде глава да потслони.

Сестра Н: Размислував за симнувањето на Христос во адот и како го извлекува Адам од таму, држејќи го за рака. На тој начин го гледам и моето спасение. Како Негова милост, а не како моја добродетел и заслуга.

Отецот: Се обиде ли да го симнеш својот ум во срцето овие денови?

Сестра Н: Да.

Отецот: Симнувањето на умот во срцето, на почетокот, е како едно salto mortale. Умот влегува во еден, за него, непознат простор, темен, нејасен, несигурен, одбоен, а има вера дека токму таму може да Го најде Царот и Царството Небесно. Но, не веднаш Го наоѓа, и душата страда заради тоа, збунета е. Единствено чувство што ни е потребно и кое може да ни помогне во тој подвиг е покајанието, но и тоа го нема секогаш. Треба да се принудиме на покајание и плач, и тие не доаѓаат, конечно, сами од себе. Треба да стоиме на молитва, да правиме метании. Никогаш да не ја почнуваме молитвата седејќи. Треба да стоиме на молитва обидувајќи се да го држиме умот внатре во срцето сè додека не се измориме физички. Потоа може да седнеме и да ја продолжиме молитвата на ист начин, трудејќи се да го држиме умот внатре во срцето.

Сестра Н: Се молам во срцето, и овие денови чувствувам една таква топлина и болка заради која не можам понатаму да продолжам. Што да правам?

Отецот: Собери го својот ум во Христовото име, во Него Самиот, продолжи со молитвата внатре во срцето и ќе видиш дека сè ќе се среди, дека болката што пречи ќе се смени во болка што привлекува. Не треба да обрнуваме внимание на последиците од молитвата, на топлината или болката, тоа може да ни ја попречи молитвата и на подолг период. Во молитвата единствено важен ни е Христос.

Сестра Х: Отец, што е тоа место на срцето, а што отворање на срцето? Дали се тоа две различни појави?

Отецот: Случувањето кога благодатта за прв пат на таков начин се пројавува во срцето, го нарекуваме отворање на срцето, а местото каде што благодатта Божја се пројавува, се нарекува место на срцето. Една и иста благодат, енергија Божја, го дејствува тоа случување: и отворањето на срцето и држењето на местото на срцето активно.

Сестра Х: Рождеството го доживеав како радост. Ме погодија зборовите од твојата беседа вечерта тој ден: „Ако кажеме дека нешто во духовниот живот не можаме, дека заповедите Христови се тешки и дека не можеме да ги исполниме, ние хулиме на жртвата Христова“.

Отецот: Да, токму затоа Синот Божји стана син човечки, токму затоа Богочовекот Христос пострада за ние да имаме сила, за да можеме, а не да не можеме. Нас ни останува само изборот – сакаме или не сакаме. А со тоа ни останува и одговорноста за нашата слободно изразена волја. Потоа не можеме да се самооправдуваме за својот погрешен избор.

Сестра Х: Да, отец, некаде прочитав дека самооправдувањето е продолжување на гревот на Адам во рајот: „Жената која Ти ми ја даде, ме излажа“.

Отецот: Да Му речеше Адам „прости“ на Господ, немаше да се случи истерувањето од рајот, но тој го избра патот на самооправдувањето, патот на суетата и самољубието, а за таков „духовен“ развој нема место во рајот, каде што сè беше вечно, и тој требаше да биде прекинат. Подвигот беше потребен и во рајот.

Сестра Х: Прочитав кај старец Софрониј: „Јас не би можел во делото на љубовта да се чувствувам слободен, кога да се љуби би значело само наслада. Кога сум распнат, тогаш имам смелост на Отецот да Му кажам: ‘Јас Те сакам’ – и срцето знае дека таа љубов е вистинска и света. Тоа за мене значи дека нема „не можам“. Мора да го живееме распнувањето ако сакаме да имаме љубов. Само тогаш ќе Му кажеме на Господ дека Го сакаме“.

Отецот: Дали проба да влезеш во своето срце, во пештерата на Христос? Целиот Христов живот е содржина на животот на нашето срце. И таа благодат на учество во секој момент од Христовиот живот, која сите ја добиваме на Литургијата собрани околу нашиот Епископ, но само ако учествуваме во Светите Тајни – се разбира, е истата благодат која се пројавува и во нашето срце. Затоа тие денови се посебни. Ако ги испуштиме, треба да го чекаме дури Велигден. Тие се специјални денови каде што можеме да добиеме молитвен пристап до срцето. Посебно Христовите и Богородичните празници. Посебно Воскресение и Успение. Тоа се слични празници, и едната и иста благодат на Воскресението. Христос со ништо не ја ускратува Својата Мајка Богородица, од тоа што Он го има.

Отецот: А ти, сестра М., се обиде ли да го симнеш својот ум во срцето овие денови?

Сестра М: Не знам како да кажам, отец, како да се фрлив во темнината на срцето.

Отецот: Како се фрли во срцето, како твој слободен двиг или нешто те привлече?

Сестра М: Сама.

Отецот: Колку време траеше тоа?

Сестра М: 20 минути, чувствував топлина, се сконцентрирав. Топлина и темнина.

Отецот: Тоа беше точно во срцето или тука некаде?

Сестра М: Не ми беше сосема јасно.

Отецот: Се молеше во ќелијата?

Сестра М: Да.

Отецот: Со која молитва?

Сестра М: ‘Господи Исусе Христе, помилуј ме’. Како се чувствува тоа место (на срцето), отец?

Отецот: Тоа го знае само оној што го вкусил. Дали пробуваш секој ден да влезеш во срцето?

Сеста М: Да. Се сетив дека на крајот ми остана болката во срцето и некоја нејаснотија. И сега ме боли. Се молам во тоа место. Овие денови забележав дека веднаш штом почнам така да се молам, повнимателно, ми течат солзи без да се принудам на тоа. Ти кога зборуваше за скок во празно, беше како да објаснуваш што ми се случи мене. Малку сум збунета. Моли се за мене. Прости ми.

Сестра С: Отец, дали може во таква состојба, каква што е зависта, повреденоста, жалоста или слично, кога срцето доживува болка, да ја искористиме таа болка на срцето за да го најдеме местото на срцето?

Отецот: Да, можеме, само со молитва на покајание. Сè друго е прелест. И не го заборавајте послушанието, деца, тоа е суштина на Богочовековиот Христов подвиг. А нели сме според ликот Негов создадени? Нели на Неговото совршенство сакаме да се вподобиме? Нели не сакаме ние да живееме, туку Богочовекот Исус Христос во нас?

                                                                                                                     

(иницијалите на сестрите се измислени)

                                                                                                                      


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная