Скопје, 24.12.2010 год.-Храмот на св.вмч Димитриј
На 24 декември 2010 година, во 31-тата недела по Педесетница, на празникот на Преподобен Данило Столпник и преподобен Никон Сувиот, во храмот на св. вмч. Димитриј во Скопје, отец Игор Калпаковски отслужи Божествена Литургија.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 107)
Рече Господ на Своите ученици: исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение.“ И им кажа парабола: „Погледајте ја смоквата и сите дрвја; кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете оти летото е веќе близу. Па така, кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божјо. Вистина ви велам, нема да премине овој род, дури сето тоа не се исполни. Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
Старец Софрониј
Тешкотијата да соработуваме со ближниот секогаш произлегува од недостигот на молитва и на љубов! Како што вели Свети Силуан, може да се случи и покрај огнените молитви, напредокот да биде тежок. Покрај тоа, откако успееме во повикот на Името Исусово да заживееме цврсто со некоја личност, стануваме способни да живееме со милиони други личност што и се слични.
Преминпортал
Лето Господово 2010