логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


25.12.2010 год.

(петок)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

28-ден

Esen.manastir1.jpg

28 Ден:Римјани 9-16
9 | 10 | 11 | 12 |13| 14 | 15 | 16

 

Глава  9                                     

  1 Зборувам вистина во Христа - не лажам - мојата совест ми сведочи за тоа во Светиот Дух,
  2 дека ми е многу жал и дека срцето ме боли непрестано.
  3 Имено, би сакал да бидам самиот - како проколнат - одвоен од Христа, за моите браќа, за моите роднини по тело,
  4 кои се Израелци; на кои им припаѓаат: посинувањето и славата, заветите и законодавството, богослужението и ветувањата;
  5 чии се и татковците, од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови! Амин!
  6 Но не треба да се мисли дека пропадна Божјото слово; зашто не сите, кои водат потекло од Израел, се вистински Израелци,
  7 ниту сите се Авраамови деца, затоа што се негово потомство; но „во Исака ќе се нарече Твоето семе,”
  8 тоа значи: дека сите деца по тело не се Божји деца, туку децата на ветувањето се сметаат за потомство.
  9 А словото на ветувањето е ова: „Ќе дојдам во ова време, и Сара ќе има син.”
10 Но не само таа, туку и Ревека, која зачна од еден, од нашиот татко Исак.
11 Зашто уште додека не беа ни родени близнаците, ниту направиле нешто добро или зло; за да остане онака како што Бог определил по свој избор, да не зависи од делата, туку од Оној Кој повикува;
12 нејзе и беше речено: „Поголемиот ќе му служи на помалиот,”
13 како што е напишано: „Јакова го возљубив, а Исава го замразив.”
14 И така, што ќе речеме? Има ли неправда во Бога? Да не биде!
15 Зашто му вели на Мојсеја: „Ќе го помилувам, кого го милувам и ќе го сожалам, кого го сожалувам.”
16 Според тоа, не зависи од оној, кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог.
17 Зашто Писмото му вели на фараонот: „Имено, затоа те издигнав, за да ја покажам Мојата сила во тебе и за да се разгласи Моето име по целата земја.”
18 Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.
19 Сега, ти ќе ми речеш: „Тогаш, зошто укорува? Зашто, кој може да му се воспротиви на Неговиот совет?”
20 Та кој си ти, о човеку, да одговараш против Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на својот творец: „Зошто си ме направил така?”
21 Или зар грнчарот нема власт над глината: од истата смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба?
22 А што ако Бог - сакајќи да го покаже Својот гнев и да ја пројави Својата сила - со големо долготрпение, ги трпел садовите на гневот, приготвени за погибел,
23 за да го пројави истовремено богатството на Својата слава над садовите на милоста, што ги приготвил отпорано за слава;
24 како такви, нè повика и нас, не само од Јудејците, туку и од народите,
25 како што вели и кај Осија: „Народ, кој не е Мој народ, ќе го наречам Мој; и онаа, која не е возљубена, ќе ја наречам возљубена,”
26 и така ќе се случи дека на местото, каде им беше речено: „Вие не сте Мој народ,” таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.”
27 А Исаија вика за Израел: „Иако бројот на Израелевите синови е колку морскиот песок, ќе се спаси само Остатокот,
28 зашто Господ ќе го спроведе Својот збор на земјата и ќе го заврши брзо.”
29 И како што прорече Исаија: „Ако Господ над Воинствата не ни остави потомство, ќе бевме како Содом и ќе станевме слични на Гомор.”
30 И така, што ќе кажеме? Народите - кои не се стремеа кон праведноста, ја примија праведноста, и тоа праведноста која е преку верата;
31 а Израел - стремејќи се кон законот на праведноста, не стигна до Законот.
32 Зошто? Зашто не настојуваше да го постигне со верата, туку со делата на Законот; се сопна од каменот на сопнување,
33 како што е напишано: „Еве, на Сион поставувам камен за сопнување и стена на соблазан; и кој верува во Него, нема да се посрами.”


Глава  10                                    

1 Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за нив е: да се спасат.
  2 Зашто, сведочам за нив, дека имаат ревност за Бога, но без правилно знаење.
  3 Имено, не знаејќи, што е Божјата правда и сакајќи да ја воспостават својата сопствена, не и се покорија на Божјата правда.
  4 Зашто Христос е свршетокот на Законот, за правда на секој, кој верува.
  5 Зашто, Мојсеј пишува за праведноста, која е од Законот: „Човекот, кој ја исполнува, ќе живее од неа.”
  6 А праведноста, која е од верата, зборува вака: „Да не речеш во своето срце: „Кој ќе се искачи на небото?” односно, да Го симне Христа;
  7 или: „Кој ќе слезе во бездната?” односно, да Го изведе Христа од мртвите!
  8 Но што зборува таа: „Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,” односно, словото на верата, која ја проповедаме.
  9 Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.
10 Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение,
11 зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.”
12 Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите; богат за сите, кои Го повикуваат,
13 зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”
14 Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?
15 И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!”
16 Но сите не го послушаа Евангелието, зашто Исаија вели: „Господи, кој и поверувал на нашата проповед?”
17 И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.
18 Но велам: „Зар тие не слушнаа?” Напротив: „Гласот им излезе по целата земја, и нивните зборови до крајот на светот.”
19 Пак прашувам: „Зар Израел не разбра? Мојсеј прв рече: „Јас ќе предизвикам ревност во вас - преку оние, што не се народ и ќе разбудам во вас гнев, против еден неразумен народ.”
20 А Исаија пак се осмелува да рече: „Ме најдоа оние, кои не Ме бараа, и им се јавив на оние, кои не прашуваа за Мене.”
21 А за Израел говори: „Цел ден ги протегав Своите раце кон народ непослушен и противречлив.”
 

Глава  11                                     

1 И така, прашувам: „Дали Бог го отфрли Својот народ? Далеку од тоа! Зашто и јас сум Израелец, од Авраамовото потомство, од Венијаминовото племе.
  2 Бог не го отфрли Својот народ, кого го знаеше однапред. Или не знаете што вели Писмото, за Илија, како вика кон Бога против Израел, велејќи:
  3 ”Господи, ги погубија Твоите пророци, ги разурнаа Твоите жртвеници; а јас останав сам, па и мојот живот го бараат.”
  4 А што му вели Божјиот одговор: „Си оставив за себе седум илјади луѓе, кои не ги преклонија колената пред Ваала.”
  5 Така е и во сегашното време, остана еден Остаток избран по благодатта.
  6 Но, ако е по благодат, тогаш не е по дела; зашто инаку благодатта не би била веќе благодат.
  7 Тогаш што? Израел не го доби она, што го бараше, а избраните го добија; а другите беа закоравени,
  8 како што е напишано: „Бог им даде дух на мртвило, очи да не гледаат и уши да не слушаат до денешниот ден.”
  9 И Давид зборува: „Нивната трпеза да им биде стапица, и мрежа и соблазан и одмазда!
10 Очите нека им се помрачат, за да не гледаат! А плеќите свиткај им ги засекогаш!”
11 И така прашувам: да не се сопнаа, за да паднат сосем? Да не биде! Туку преку нивното сопнување им дојде спасение на народите, за да ги поттикнат на ревност.
12 Ако нивното сопнување значи богатство за светот, а нивното отпаѓање богатство за народите, колку повеќе ќе биде нивната полнота!
13 Но ви зборувам вам, народи; бидејќи сум апостол на народите, јас ја прославувам мојата служба,
14 та на некој начин да го поттикнам на ревност својот род и да спасам некои од нив.
15 Зашто, ако нивното отфрлање е помирување за светот, какво ли ќе биде нивното примање, ако не живот од мртвите?
16 Ако се свети првите плодови - и тестото е; ако е коренот свет - и гранките се.
17 Ако се откршени некои гранки, и ти, кој си дива маслинка, си накалемен меѓу нив и си станал соучесник во сочниот корен на маслинката,
18 не фали се пред гранките! Ако се фалиш, знај дека ти не го носиш коренот, туку коренот - тебе!
19 Но ќе речеш: „Гранките се откршени, за да бидам јас прикалемен!”
20 Добро! Поради неверието се откршија, а ти стоиш преку верата.
21 Не гордеј се, туку бој се! Зашто, ако Бог не ги поштеди природните гранки, не ќе те поштеди ни тебе.
22 И така, гледај ги Божјата благодат и строгост: строгоста се пројавува кон паднатите, а Божјата благодат кон тебе, ако истраеш во благодатта - зашто инаку и ти ќе бидеш отсечен.
23 А и тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог може пак да ги прикалеми.
24 Зашто, ако си ти отсечен од природната дива маслинка и, против природата - си прикалемен на питомата маслинка, колку полесно ќе бидат прикалемени врз сопствената маслинка оние, кои и се природни.
25 Не сакам, браќа, да ви остане непозната оваа тајна, за да не мудрувате по своја мудрост: еден дел на Израел закораве, додека народите не влезат во полн број.
26 И така, целиот Израел ќе се спаси, како што е напишано: „Избавителот ќе дојде од Сион; ќе ја одврати безбожноста од Јакова.
27 И ова им е Завет од Мене кон нив, кога ќе им ги отстранам гревовите.”
28 Со оглед на Евангелието, тие се непријатели заради вас, но по изборот возљубени се, заради татковците.
29 Зашто Божјите дарови и Неговиот позив не го познаваат каењето.
30 Како што и вие му бевте некогаш непокорни на Бога, а сега добивте милост поради нивното непокорство,
31 така и тие станаа сега непокорни, заради вашето помилување, за да бидат и тие помилувани.
32 Зашто Бог ги затвори сите во непокорство, за да покаже милост кон сите.
33 О длабочино на богатството, премудроста и Божјото знаење! Колку се недостижни Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта!
34 Зашто кој ја запознал Господовата мисла? Или кој Му бил советник?
35 Или кој Му дал нешто однапред, за да му биде вратено?”
36 Зашто сè е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во векови. Амин!
 

Глава  12                                     

  1 Затоа ве молам, браќа, заради Божјата милост, да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога, тоа да биде ваша разумна служба.
  2 Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!
  3 Зашто, преку благодатта што ми е дадена, му велам на секој еден помеѓу вас: да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли - туку мислите нека ви бидат насочени кон разумно размислување, според мерата на верата, која Бог му ја доделил секому.
  4 Зашто, како што во едно тело имаме многу членови, а сите членови немаат иста служба,
  5 така и ние, мнозината, сме едно тело во Христа, а како поединци - членови сме еден на друг.
  6 И имаме разни дарби, според дадената ни благодат: ако е пророштво, нека е согласно со верата!
  7 Ако е служење нека служи! Ако е некој учител - нека поучува!
  8 Кој има дар за утеха - нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело!
  9 Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто!
10 Љубете се еден друг срдечно со братска љубов! Натпреварувајте се во почитување еден кон друг!
11 Бидете неуморни во ревноста! Бидете пламени во духот! Служете Му на Господа.
12 Радувајте се во надежта, бидете трпеливи во неволја; постојани во молитва!
13 Помагајте им на светите во нивните потреби! Ревнувајте во гостољубие!
14 Благословувајте ги оние, кои ве гонат: благословувајте ги, а не проколнувајте ги!
15 Радувајте се со оние, кои се радуваат и плачете со оние, кои плачат!
16 Бидете едномислени едни кон други! Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните! Не сметајте се сами себеси мудри!
17 Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе!
18 Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!
19 Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.”
20 Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден - напој го! Зашто, ако го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава.”
21 Не оставај да те победи злото; туку победи го злото со добро!
 

Глава  13                                     

1 Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени.
  2 Затоа оној, кој и се противи на власта, и се противи на Божјата наредба; а кои и се противат, ќе ја примат својата осуда.
  3 Зашто владетелите не се страв за добро дело, туку за зло. Сакаш ли пак да не се боиш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа.
  4 Таа Му служи на Бога за твое добро. Но, ако правиш зло, бој се; зашто не носи напразно меч. Таа е во служба на Бога, гневен одмаздник за оној, кој прави зло.
  5 Затоа треба да и се покорувате, не само поради гневот, туку и заради совеста.
  6 Затоа плаќате и даноци, зашто се Божји службеници, кои се занимаваат со тоа.
  7 Дајте му секому она што сте му должни: кому данок - данок; кому царина - царина; кому страв - страв; кому чест - чест!
  8 Не должете му никому ништо, освен да се љубите еден друг, зашто кој го љуби другиот, го исполнува Законот.
  9 Зашто заповедите: „Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!” - и ако има уште некоја друга заповед - содржани се во овие зборови: „Љуби го својот ближен како себеси!”
10 Љубовта не му прави зло на ближниот. И така: љубовта е исполнување на Законот.
11 И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме.
12 Ноќта помина, а денот наближи. Затоа да ги офрлиме делата на темнината, а да се облечеме во оружјето на светлината!
13 Да одиме пристојно како дење, не во гозби и пијанки, не во блуд и страстољубие, не во препирки и зависти,
14 туку облечете се во нашиот Господ Исус Христос, и не мислете како да ги задоволите похотите на телото.
 

Глава  14                                     

  1 Примајте го слабиот во верата, не со препирки за мислењата!
  2 Еден верува дека смее да јаде сè; а кој е слаб, јаде само зеленчук.
  3 Кој јаде, нека не го презира оној, што не јаде; а оној, кој не јаде, нека не го осудува оној, што јаде, зашто Бог го примил.
  4 Кој си ти, за да му судиш на туѓ слуга? Тој стои или паѓа пред својот господар; а ќе стои, зашто Господ е силен да го постави да стои.
  5 Еден разликува ден од ден, а друг ги смета сите денови еднакви. Само секој да биде наполно уверен во своето мнение!
  6 Кој го пази денот, го пази за Господа; кој јаде, јаде за Господа, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господа не јаде, и тој Му благодари на Бога.
  7 Никој од нас не живее за себеси и никој не умира за себеси,
  8 зашто ако живееме, живееме за Господа; ако умираме - умираме за Господа. Затоа: живееме ли, умираме ли, Господови сме,
  9 зашто Христос затоа умре и оживе, - за да господари и над мртвите и над живите.
10 А ти, зошто го осудуваш својот брат? Или ти, зошто го презираш својот брат? Зашто, сите ќе застанеме пред Христовиот судски престол,
11 зашто е напишано: „Јас Сум жив - вели Господ - Мене ќе Ми се поклони секое колено; и секој јазик ќе Го исповеда Бога.”
12 И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.
13 Затоа, да не се осудуваме веќе еден друг, туку подобро да мислиме за тоа: никој да не поставува пред братот сопки или соблазни!
14 Знам, и уверен сум во Господа Исуса, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној, кој смета дека нешто е нечисто - нему му е нечисто.
15 Зашто, ако се жалости твојот брат заради јадење, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не погубувај го со твоето јадење оној, за кого Христос умрел.
16 И така, не дозволувајте да се хули на вашето добро!
17 Зашто Божјото Царство не се состои во јадење и пиење, туку во правда, и мир и радост во Светиот Дух.
18 Имено, кој со ова Му служи на Христа, угоден Му е на Бога и мил им е на луѓето.
19 И така, да го бараме она, што е за мир и за заемна надградба!
20 Не разурнувај го Божјото дело - заради јадење! Сè е чисто; но е зло за човекот, кој јаде на соблазан.
21 Добро е да не се јаде месо, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто, поради што твојот брат се сопнува или соблазнува, или слабее.
22 Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога! Блажен е оној, кој не се осудува себеси за она, што го смета за добро.
23 А кој се сомнева кога јаде, се осудува, зашто не е од вера; а сè што не е од вера, грев е.

Глава  15                                     

1 Ние силните должни сме да ги носиме слабостите на слабите, а да не си угодуваме сами на себеси.
  2 Секој од нас нека му угодува на ближниот, во негова полза, за добро,
  3 зашто ни Христос не Си угодуваше Сам на Себеси, туку како што е напишано: „Хулите на оние, кои Те хулеа, паднаа на Мене.”
  4 Навистина, сè што е напишано некогаш, напишано ни е нам за поука, за да имаме надеж преку трпението и преку утехата од Писмата.
  5 И Бог на трпението и утехата да ви даде едномислие меѓу вас по примерот на Исуса Христа,
  6 за да Го славите, еднодушно, со една уста, Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос.
  7 Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими за Божјата слава!
  8 Зашто велам, дека Христос им послужи на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците;
  9 а пак народите Го прославуваат Бога поради Неговото милосрдие, како што е напишано: „Затоа ќе Те исповедам меѓу народите и ќе Му пеам на Твоето име.”
10 И пак рече:” Веселете се, народи, со Неговиот народ!”
11 И пак: „Фалете Го Господа сите народи и да Го слават сите племиња!”
12 И пак Исаија вели: „Ќе се јави подник од Јесеевиот корен, и Оној Кој станува за да владее над народите; на Него ќе се надеваат народите!”
13 А Бог на надежта да ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух да ви се збогати надежта.
14 И јас самиот, браќа мои, сум уверен за вас, дека сте и самите полни со доброта, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг.
15 Но, делумно ви пишав малку послободно, за да ве потсетам на благодатта, која ми ја даде Бог,
16 за да Му бидам служител на Исуса Христа меѓу народите, кој врши света служба на Божјото Евангелие, и да биде мојот принос од народите пријатен, и осветен преку Светиот Дух.
17 И така, можам да се фалам во Христа Исуса за тоа, за Бога,
18 зашто не се осмелувам да кажам нешто што Христос не го извршил преку мене, за да ги доведам народите до послушност, со слово и дело,
19 во силата на знаци и чудеса, во силата на Божјиот Дух. Така што од Ерусалим и наоколу, сè до Илирик, наполно го проповедав Евангелието за Христа.
20 Но, при тоа сметав за чест да не го проповедам Евангелието таму, каде што Христовото име веќе беше познато, за да не ѕидам врз туѓи основи,
21 туку како што е напишано: „Ќе Го видат оние, на кои ништо не им беше навестено за Него, и ќе разберат оние, кои не чуле.”
22 Тоа ме спречи многупати да дојдам при вас.
23 Но сега, зашто веќе немам поле за работа во овие краишта и зашто копнеам веќе многу години да дојдам при вас,
24 кога ќе тргнам за Шпанија; имено, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека вие ќе ме испратите натаму, откако најнапред ќе се наситам донекаде со вас.
25 А сега одам за Ерусалим, за да им послужам на светите,
26 зашто Македонија и Ахаја одлучија да соберат некаква заедничка помош за бедните меѓу светите во Ерусалим.
27 Навистина, го одлучија тоа, а и должни им се, зашто, ако народите станаа соучесници на нивните духовни блага, должни се да им послужат во телесните потреби.
28 Кога ќе го свршам ова и кога ќе им го доставам овој плод, ќе тргнам за Шпанија преку вас.
29 И знам, кога ќе дојдам при вас, дека ќе дојдам со полн Христов благослов.
30 Покрај тоа, ве молам, браќа, преку нашиот Господ Исус Христос и преку љубовта на Духот, да се борите со мене, молејќи Му се на Бога за мене,
31 за да се избавам од непокорните во Јудеја и за да им биде благопријатна мојата служба на светите во Ерусалим,
32 та да можам, по Божја волја, радосно да дојдам при вас и да се освежам заедно со вас.
33 А Бог на мирот да биде со сите вас, Амин!


Глава  16                                     

1 Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е на служба во црквата во Кенхреа:
  2 да ја примите во Господа, како што им прилега на светите, и помогнете и во сè, во што ќе има потреба од вас; зашто и таа им помагаше на мнозина и на мене самиот.
  3 Поздравете ги моите соработници во Христа Исуса: Прискила и Акила,
  4 кои ги подметнаа своите вратови за мојот живот и на кои не им благодарам само јас, туку и сите цркви од народите,
  5 и црквата во нивниот дом! Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод за Христа од Азија!
  6 Поздравете ја Марија, која се трудеше многу за вас!
  7 Поздравете ги Андроника и Јунија, моите роднини и другари во заточеништвото; кои се угледни меѓу апостолите и кои поверуваа во Христа пред мене.
  8 Поздравете го мојот возљубен во Господа Амплија!
  9 Поздравете ги: нашиот сотрудник во Христа - Урбан и мојот возљубен Стахиј!
10 Поздравете го Апелиј, испитаниот во Христа! Поздравете ги оние од кружокот на Аристовулови!
11 Поздравете го мојот роднина Иродион! Поздравете ги оние и од Наркисовиот кружок, кои се во Господа!
12 Поздравете ги Трифена и Трифоса, жените, кои се трудат во Господа! Поздравете ја возљубената Персида, која се трудеше многу во Господа!
13 Поздравете го Руф, избраниот во Господа, и неговата мајка и моја!
14 Поздравете ги Асинкринта, Флегонта, Ерма, Патрова, Ермија и браќата, кои се со нив!
15 Поздравете ги Филолога и Јулија, Ниреја и неговата сестра, потоа Олимпана и сите свети, кои се со нив!
16 Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите Христови цркви.
17 Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои прават раздори и соблазни против науката, која вие ја научивте, и отстранувајте се од нив!
18 Зашто, таквите не Му служат на нашиот Господ Христос, туку на својот желудник, и со благи и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.
19 Вашата послушност им е позната на сите. Затоа се радувам со вас, но сакам да бидете мудри за доброто, а прости за злото!
20 А Бог на мирот ќе го сотре наскоро сатаната под вашите нозе. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вас. Амин!
21 Ве поздравуваат: мојот соработник Тимотеј и моите роднини: Луциј, Јасон и Сосипатар.
22 Ве поздравувам во Господа јас, Тертиј, кој го напиша ова писмо.
23 Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравуваат градскиот благајник Ераст и братот Кварт.
24 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас!
25 А на Оној, кој може да ве утврди преку моето Евангелие и проповедта за Исуса Христа, преку откровението на тајната, за која се молчеше од вечни времиња;
26 а сега се јавила и по заповедта на вечниот Бог, а преку пророчките списи, соопштена на сите народи, приведувајќи ги кон послушност на верата,
27 - на единствениот премудар Бог да биде слава - преку Исуса Христа - во сите векови. Амин!


http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

05/10/2025 - недела

Собор на сите македонски Светители; Св. свештеномаченик Фока, епископ Синопски; Св. пророк Јона; Св. маченик Фока Градинарот; Преп. Козма Зографски; Св. Петар Милостив; Св. Јона презвитер;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Јона  5 октомври/22 септември  2025

Тропар на светиот Божји пророк Јона 5 октомври/22 септември 2025

Јона пророкот Божји денес го прославуваме о, верни, преку него ја видовме милоста Негова,Оној Kој човекот го создаде, Тој &...

Тропар на св. Христов апостол Кодрат  4 октомври/21 септември  2025

Тропар на св. Христов апостол Кодрат 4 октомври/21 септември 2025

Светлината Христова преку тебе о Апостоле Кодрате,го посрами мудрувањето елинско,но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по...

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември   2025

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември 2025

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителотваш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие.Единиот жив ковчег на благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная