Седмица 30-та по Педесетница
Сабота
Ако те покани некој на свадба, не седнувај на првото место (Лука 14, 8). Ако го воопштиме овој совет ќе го добиеме следново: секогаш и секаде држи се за последното место. Во тоа просто правило е изразена сета богата содржина на смирението. Земи го, седни и разгледај ги сите можни случаеви на твојот живот и однапред за себе во сите нив одбери го последниот удел. Така ќе се стекне пракса на смирение кое што од надворешните дела, малку по малку ќе премине внатре и како темел ќе постави слој од смирение. Со време тоа семе, потпомогнато од праксата, ќе се развие, па така смирението конечно ќе ја исполни твојата душа и твоето тело и сите надворешни дела. И што ќе се случи? Карактерна возвишеност ќе сјае на твоето чело и ќе привлекува сеоопшто почитување. На тебе ќе се исполни она: Оној кој што се воздигнува ќе се понижи, а оној кој што се понижува себеси, ќе се воздигне. Но вежбајќи го смирението- имај го во вид единствено само него и ништо друго. Тоа самото во душата носи блажено расположение кон доброто. Онаму каде што ќе се всели смирението престануваат сите внатрешни немири, и никакви надворешни незгоди не предизвикуваат поразни впечатоци. Како што брановите,не среќавајќи препреки, без шум и удар се разлеваат по отвореното море, така и надворешните и внатрешните жалости не удираат во смирена душа, туку преминуваат преку неа, не оставајќи трага. Тоа е така да кажеме животна предност на смирениот. Каква само светлост го осенува него одозгора, какви утехи му се праќаат, каква ширина на слободни дејства му се открива!... Навистина смирението сместува се во себе....
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (18.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.