Седмица 30-та по Педесетница
Среда
Повикувајќи не да го следиме со крстот, Бог поблиску го одредува самиот пат, отстранувајќи ги главните препреки на истиот, и тоа не надворешни туку внатрешни, чиј што корен е во човековото срце. Ако сакаш да одиш по мене-како да ни вика-прво немој да се жалиш себеси. Затоа што оној кој што се жали себеси-ќе се изгуби себеси. Како второ не се врзувај со љубов за предмети, затоа што каква му е користа на човекот ако го задобие и целиот свет но и наштети на својата душа? Трето нека не ти биде неугодно затоа што ќе речат или затоа како на тебе ќе гледаат другите, затоа што тој што ќе се посрами од мене и моите зборови во овој род грешен и прељуботворен, и Синот Човечки ќе се посрами од него кога ќе дојде со слава на својот Отец и со светите ангели. Самосожалувањето, љубовта спрема она што се поседува и срамот пред човечкото лице се трите главни ланци со кои што човекот се држи во рамките на небогоугодниот живот, на патот кон страстите и гревот. Тие се главнатапречка која што го попречува обратувањето на грешникот. Тие се главниот предмет на духовната борба во човекот кој што се кае и кој што веќе почнал да принесува плодови на покајание. Додека тие врски не се раскинат нема многу изгледи за христијански живот. Имено, се дотогаш тој ќе биде полн со спрепнувања и падови, ако не секогаш надворешни, тогаш секако внатрешни. Затоа секој нека се погледа внимателно себеси. Ако најде нешто од наведеното, нека се потруди да се ослободи, инаку нека не се надева дека ке достигне совршенство во Христа, макар и по надворешноста и да изгледа сосема исправен.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.