Седмица 30-та по Педесетница
Понеделник
Бог пловел со учениците на другата страна на морето. Тие заборавиле да земат леб. Имајќи со себе само еден леб, почнале да мислат што ќе прават. Знаејќи ги нивните помисли Бог ги потсетил на наситувањето на четири и пет илјади луѓе. Со тоа сакал да им даде цврста надеж дека покрај Него нема да умрат од глад, па макар и да немаат ниту еден единствен леб. (Мк.8, 13-21). Колку немир понекогаш во човекот носи помислата за неизвесна иднина! Умирение за тоа вознемирување има само едно-надеж во Бога. Оживувањето и окрепувањето на таа надеж се црпи од разумно набљудување на она што веќе се случило со другите но и со нас самите. Нема да се најде ни еден човек кој што во својот живот не искусил неочекувано избавување од невољите, односно неочекуван пресврт на неговиот живот кон подобро. Со сеќавање на такви случаеви оживувај ја својата душа кога ќепочнат да те мачат мрачни мисли за тоа што ќе биде. Бог и сега се подредува на добро како и порано. Потпри се на Него. Уште пред избавувањето од невољата Тој ќе ти испрати благодушност поради што нема да ја забележуваш својата невоља. Оној кој што ги полага своите надежи во Бог го опкружува милост. Истражувај ги таквите примеру во Светото Писмо, во животите на светителите, во својот живот и во животот на твоите познаници. Така како во огледало ќе видиш дека Бог е блиску до сите оние кои го повикуваат. И тогаш страхувањата за твојот дел нема да ја поматуваат твојата душа.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.