Скопје, 11 декември 2010 год.- храмот на св. вмч. Георгиј , населба Чаир
„Голема пофалба и крепост има градот Тивериополски, светители, свештеници и левити: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се јавија.
Овие Петнаесет, демонските сили ги изгонуваат и на верните здравје им даруваат.“ (тропар на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици)
http://preminportal.com.mk/content/view/7450/53/
о 28-та недела по Педесетница, на празникот на Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, преподобниот маченик Стефан Нови, во храмот посветен на свети великомаченик Георгиј Победоносец во н. Чаир, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 24)
Во она време се задржа Исус на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим, и од приморјето Тирско и Сидонско, кои беа дошле да Го чујат и да се исцелат од болестите свои, како и оние што страдаа од нечисти духови; и се излекуваа. И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите. А Он, како ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: „Блажени сте вие, сиромашните, зашто ваше е царството Божјо! Блажени сте вие, што сега гладувате, оти ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете! Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки! Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата.
Преминпортал
Лето Господово 2010