Седмица 29-та по Педесетница
Петок
И влезе сатаната во Јуда и го научи како да го предаде Господа. Тој се согласи и го предаде (Лука 22, 3-4). Сатаната влегол затоа што му била отворена вратата. Инаку нашата внатрешност е секогаш заклучена. Дури и самиот Бог стои надвор и чука да му се отвори. А со што му се отвора? Со сочувство, наклоност, согласност. Меѓутоа сатаната влегува кај оној кај кого сето тоа натежнува на негова страна. И Бог влегува кај оној кој приклонува кон Него. За влегувањето на сатаната а не Бог, крив е самиот човек. Не им попуштај на мислите кои му се угодни на сатаната, не сочувствувај со нив, не се раководи по нивните совети, и не се согласувај со нив. Тогаш сатаната ќе те заобиколува, и најпосле – ќе замине, затоа што не му е дадена власт над било кого. Оној над кој што тој владее, сам му се дава во ропство. Почеток на сето тоа зло се мислите. Не дозволувај да те завладеат лоши мисли, и тогаш твојата врата за сатаната засекогаш ќе биде заклучена. Во врска со надоаѓањето на лоши помисли, тука не може ништо да се направи. Нема никој на светот без нив. Тука нема никаков грев. Протерај ги и – тука на се е крај. Кога повторно ќе дојдат, повторно истерај ги-и така цел живот. Доколку пак ги примиш помислите и почнеш да се занимаваш со нив, не е чудно и да се јави сочувство кон нив. Тогаш тие ќе станат уште понаметливи. После сочувството ќе дојдат и лошите намери и поттик за лоши дела. Неодредените и неоформените намери ќе се усмерат потоа кон поединечни работи или личности. Ќе почне избор, кој што е проследен со согласување и ревност-и ете го гревот во внатрешноста! Тука вратата на срцето се ширум отворени. Штом ќе се образува согласност од ваков вид, сатаната влегува внатре и почнува со тиранија. Тогаш бедната душа, собрана и како животно кое се тегне бидува гонета и исцрпувана во вршењето на неприлични дела. Меѓутоа, доколку таа не примеше лоши мисли, немаше ниту да дојде до несреќата.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.