Седмица 29-та по Педесетница
Четврток
Само пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет, за да не ве затече оној ден ненадејно (Лука 21, 34). Овој ден т.е. последниот ден на светот или на секој од нас, доаѓа како крадец и фаќа како замка. Затоа и Бог налага: Бидете будни во секое време и молете се (Лука 21, 36). Бидејќи ситоста и грижата за многу работи се први непријатели на молитвата, однапред е укажано себеси да не си допуштаме да отежнуваме од јадење и пиење и од „житејски“ грижи. Онај кој што јадел, пиел и се развеселил- се предава на спиење. Откако ќе се наспие, тој повторно се враќа на истото. Зар така се бдее? Зарем му е дојдено до молитва на оној кој што и дење и ноќе е зафатен само со она што е „житејско“? „Па кажете што треба да се прави? Без храна не се може: таа мора да се набави-и ете ти грижа“. Да, Бог не рекол: „Не работи, не јади, не пиј“, туку „Да не отежнат срцата ваши од сето тоа“. Со рацете работи а срцето држи го слободно. Ако јадеш-јади, но не се преоптоварувај со храната. Напиј се и вино, кога е потребно, но не допуштај да ти се поматат главата и срцето. Оддели го своето надворешно од своето внатрешно, а ова последното направи го главен дел на својот живот, а првото само додаток. Во внатрешното внеси се и со вниманието и со срцето, а во надворешното само со телото, рацете, нозете и очите: Бидете будни во секое време и молете се , за да го избегнете сето она, што ќе настане,и да се исправите пред Синот Човечки (Лука 21, 36). За да се удостоите за тоа потребно е уште овде во овој живот да се утврдите пред Господа. Затоа пак постои само едно средство-бодра молитва во срцето која се врши со умот. За оној кој што така ќе се постави, оној Ден нема да дојде ненадејно.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.