Скопје, 8 декември 2010 год.-Соборен храм на св. Климент Охридски
На 08. 12.2010 година, по повод патрониот празник и основоположникот на Македонска Православна Црква и на нашата писменост - свети Климент Охридски Чудотворец, во соборниот храм во Скопје, кој го носи името на светитлот, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Горазд, и свештенството на храмот и Скопската епархија отслужи Божествена Литургија. На Литургија присуствуваа и министерот за образование и наука, г. Никола Тодоров и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Р.Македонија, г-ѓа Валентина Божиновска. Многубројниот верен народ на Божествената Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата, во близина на Соборниот храм, а на почетокот на булеварот што го носи неговото име, беше откриен и осветен споменик со ликот на св. Климент Охридски - просветител и првиот словенски епископ. Скулпторот Томе Серафимовски е автор на спомен-обележјето на светителот, еден од најпознатите ученици на св. Кирил и Методиј, чија просветителска мисија ја продолжил на овие простори создавајќи ја Охридската книжевна школа. Статуата е изработена од бронза и е висока околу 4,70 метри.
Преминпортал
Лето Господово 2010
Фото:
Ппреминпортал
Марјан Николовски
Друго:
Осветен споменикот на св. Климент Охридски во Скопје