Седмица 29-та по Педесетница
Вторник
И ќе бидете намразаени од сите, заради Моето име (Лука 21, 17). Оној кој што ќе вдише макар и малку световен дух ќе стане ладен за Христијанството и за неговите барања. Таа рамнодушност преминува во омраза доколку долго се пребива во неа без отрезнување, особено доколку при тоа се прифати макар и дел од спротивните учења. Духот на светот со спротивните учења е всушност дух на омразата према Христос. Тоа е [дух] антихристов. Неговото ширење е ширење на непријателско расаположение спрема христијанското исповедање и христијанскиот животен поредок. Изгледа дека околу нас веќе се врши нешто слично. Додуша се тоа е сеуште на ниво на лукави гласови. Меѓутоа нема да биде чудно доколку наскоро почне и она што Бог го пророкувал: Ќе стават раце на вас.... ќе ве гонат.... ќе бидете предадени.... а некои од вас ќе бидат и убиени(Лука 21, 12- 16). Антихристовскиот дух е секогаш еден: она што било на почетокот ќе биде и сега, можеби ви друга форма, но во ист смисол. Што да се прави? Со трпение спасувајте си ги душите (Лука 21, 19). Трпи со тврд збор на исповедање на вистината на устата и во срцето.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.