Скопје, 5 декември 2010 год.-Храмот е посветен на Рождеството на Пресвета Богородица
Старец Софрониј
Светиот Апостол Петар за царското свештенство вели, дека може да биде остварено со нашето учество во Светата Литургија. Верно, плашете се да одите од навика на Литургија. Потрудете се секогаш подлабоко да го живеете она што го живееше Христос за време на Тајната Вечера, кога ја востанови оваа голема тајна, Божествената Евхаристија. Тогаш, Литургијата ќе се покаже спасителна не само за вас, туку и за сите што учествуваат во неа. Не им припаѓа само на свештениците да ги живеат во своите срца страданијата Христови за спасение на светот, кој пак е жртва на гревот и на смртта!
На 5 декември 2010 година, во 28-та недела по Педесетница, на празникот на светата маченичка Кикилија (Цицилија),свети Калист, патријарх Цариградски и светиот маченик Менигнос, во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица , во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 49)
Во она време кога одеше Исус по патот, некој Му рече: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“ Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески - гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да засолни.“ На друг, пак, му рече: „Врви по Мене!“ А тој одговори: „Господи, позволи најнапред да отидам да го погребам татка ми!“ Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти врви по Мене и проповедај го царството Божјо!“ А друг еден рече: „Господи, ќе одам по Тебе, но позволи ми најнапред да се простам со своите домашни.“ Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледува назад, не е достоен за царството Божјо.“
Преминпортал
Лето Господово 2010