Седмица 28-та по Педесетница
Сабота
Нека ви биде крстот стегнат а светлата запалени (Лука 12, 35). Треба да се биде подготвен во секој час, затоа што не се знае кога ќе дојде Бог- било заради Последниот суд, или за да те земе одовде (што за тебе е подеднакво важно). Смртта решава се. После неа следува сведување на сметките на животот: што си стекнал тоа и ќе имаш во целата вечност. Ако си стекнал добро-и твојот удел ќе биде добар, а ако си стакнал зло-тогаш лош. Тоа е толку извесно, колку што е извесно дека постоиш. Сето тоа може да се случи уште оваа минута, токму во овој час додека ги читаш овие редови, а потоа не се доаѓа крај: ќе се стави печат на твоето битие кое што никој повеќе не ќе може да го симне. Имаме значи поради што да се замислиме!.... Меѓутоа, не можеме да се нечудиме на фактот што за тоа толку малку се мисли. Каква тоа тајна се врши над нас! Сите ние знаеме дека смртта е пред врата и дека не може да се избегне, но сепак скоро никој за неа не мисли. Меѓутоа, таа ќе пријде ненадејно и ќе не зграби. Дури и кога ќе не зафати смртна болест ние сеуште не мислиме дека ни дошол крајот. Тоа нека го анализираат психолозите од научна гледна точка. Од карактерна страна, овде не може да се премине преку несфатливото самозалажување, кое што не им е познато само на оние кои што внимаваат на себе.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (03.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.