Седмица 28-та по Педесетница
Среда
Свештениците, книжевниците и старешините не верувале во Бог. За да ги повика на вера, Он им поставил прашање: Крштевањето Јованово- од небото ли беше или од луѓето? (Лука 20, 4). Судете за тоа непристрасно и расудувањето ваше ќе ве приведе кон верата. Она што е речено за Јовановото јавување може да се рече и за секој настан кој што го следел доаѓањето на Бога во тело, за самото доаѓање и за се што е со тоа поврзано. Секој кој што ќе расудува за сето тоа ќе дојде до еден заклучок: Нависитина овој беше Син Божји. Можат да се јавуваат разни мисли, да се раѓаат недоумици, да се среќаваат несогласности. Но сепак на крајот на сите испитувања ќе произлезе само едно сестрано убедување: не може да се мисли поинаку од она што е претставено во Евангелијата и Апостолските Посланија. Големата тајна на побожноста е : Бог се јави во тело. Тајната ќе остане тајна, иако со својата јаснотија и несразмерна сила која што произлегува од испитувањата ќе влијае на умот да исповеда така а не поинаку. Оние кои што не веруваат или воопшто не испитуваат се како што треба, или испитуваат површно, со туѓ ум, или пак завземаат несреќен став спротивен на барањата на верата. За да го ооправдаат своето неверување, тие се задоволуваат и со ситници кои ги наведуваат како причина за одрекување од верата. И оние кои што веруваат можат да ги поколебаат нивните зборови затоа што понекогаш се задоволуваат со проста вера, не разјаснувајќи си ги себеси нејзините основи. Зборовите на неверниците ги затекнуваат неспремни. Затоа и се колебаат.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.